Сукна е секогаш во мода

од  |  0 коментари

Тесни, долги, кратки, шарени или еднобојни – сукната се секогаш во тренд.

Доколку одберете вистински број и должина, сукната ќе стане вистински сојузник во сокривањето на недостатоците. Сукна со равни линии и должина до колено резервирани се за жени со вита става, а кај овој модел се предлага и висок струк поради фактот да морате да го истакнете. Можат да се носат како дел од деловна униформа. Ако сте со пониска висина, високи потпетици се добредојдени. Сукна со А крој, седи убаво на секоја жена, посебно на оние со побујни облини. Материјалот нека биде мек, за да убаво паѓа низ боковите. Иако се многу модерни и ретро фустанчиња, за вечерно излегување секогаш треба да облечете црна сукна. Освен што е елегантна, таа боја најмалку открива кога ќе ја истуткате од седењето