Нови третмани за убавина со злато!

од  |  0 коментари

Новитетите во светот на козметиката посебно се привлечни доколку вклучуваат екстремно луксузни материјали како што е златото. Затоа и не е зачудувачки што козметичките салони имаат се повеќе третмани во кои се користи овој скап метал.

Новиот препарат за нега на кожата за кои полуделе лондонските дами содржат ни помалку ни повеќе туку 24 каратно злато! Третманите се разликуваат, но за сите нив козметичарите тврдат дека се исклучително делотворни и дека можат да Ве подмладат преку ноќ.

Како во суштина се применува овој драгоцен метал во нега на кожата? Помеѓу најновите третмани е специјалната ῎унгарска῎ масажа на лицето која се изведува со крем од екстракт на злато – во елитниот салон во стоковната куќа“Herods” тврдат дека овој крем има дури и лековито дејство и дека ги зајакнува клетките на кожата на лицето.

Другиот вид на третман се засновува на благотворното делување на хијалуронската киселина и злато. Значи кога ќе се направи ексфолијација на кожата со специјална киселина збогатена со бакар, следува третман со серум од злато кој е збогатен со хијалуронска киселина. Ваквиот третман се изведува во прочуениот лондонски хотел “For sizons” и тврдат дека во овој салон третманот придонесува за свеж изглед и влажност на кожата.

Луксузниот третман кој се нарекува ῎Златната церемонија на телото῎ преставува фантазија на секоја раскош. Третманот поред златото вклучува кавијар и бисери. Тој трае два часа почнува во турски стил со сауна во еден лондонски спа центар и кожата по овој третман ќе изгледа помладо и здраво, благодарение на природните својства на златото.