Како да го откриете вистинскиот пат ?

од  |  0 коментари

Дали сте размислувале што всушност сакате за  ваш личен развој?
Нешто подобро?Што е тоа подоброто? Во што?
Во што лежи промената ? Од што сте незадоволни?
Зошто сте незадоволни? Од што потекнува тоа незадоволство?

Дали знаете што всушност барате?
Секој од нас помалку или повеќе работи на личниот равој.
Можеби често се пронаоѓаме себе како лутаме, мислејќи дека знаеме што всушност сакаме без да сме свесни дека многу често го следиме своето его. Во оној момент кога ќе ззапочнеме да ја разбираме разликата ќе започнеме суштински да јакнеме, да се цениме и вреднуваме себе и да го следиме патот кој ќе го избере нашата душа – патот кој ќе придонесе до душевен мир и спокој.

Едно непишано правило кажува дека многу е важно да сме свесни која е линијата помеѓу манипулацијата и мотивацијата, таа тенка линија всушност укажува колку само е тенка линијата помеѓу она што нашата душа го посакува и она што нашето его го посакува. Во желбите на нашата душа често се согледуваат подлабоките мотиви и движечки сили во нашиот живот.

Дали да се земе или остави, дали да се прифати или одбие, дали да се замине или остане…
Поголемиот дел од луѓето често знаат што точно сакаат а што не, мал е бројот на оние што суштински незнаат што сакаат. Разликата е во фокусот на ”Не сакам” наместо ”Сакам”.

Како да го откриете вистинскиот пат?
Тука станува збор за една пошиrока тема.
Што секојдневно правиме за себе?
Кога започнуваме да мислиме за секојдневните ритуали тогаш започнуваме да мислиме повеќе на себе. Некој секојдневните ритуали ги сведува на молитва, некој ужива во медитација, некој ужива во попладневна прошетка со својот миленик, некој ужива во моќта и силата на благодарноста, некој применува  афирмација со цел да добие промени…

Со самодисциплина може да се постигнат големи промени, на тој начин ќе успеете:

– да се цените повеќе и да си дадете поголемо значење на себе
– без оглед на се секогаш да успевате да најдете време за себе
– да сте свесни колку е важна самодисциплината
– да знаете што сакате и да сте храбри да започнете да го следите патот кон исполнување на вашите соништа
– да сте многу одлучни и спремни да го препоззнаете својот пат иако не знаете точно што сакате но сте  свесни дека потребна ви е промената
– развојот е процес кој трае во текот на целиот живот за кој треба да сте свесни
– потребно е да сте спремни да ја препознаете вистинската сила која ќе ве одведе до патот кон исполнување на вашите цели

Среќен пат кон исполнување на вашите соништа!