Внатрешно дете или внатрешен возрасен?

од  |  0 коментари

”Држете ја раката на детето кое живее во вашата душа, за ова дете ништо не е невозможно” ..- Paulo Coelho

Пронаоѓањето на внатрешното дете во секој од нас можеби е рецепт за среќа но возрасниот често има голема улога во нашиот живот и затоа не смееме да го занемариме.

Емоционалните тешкотии често допринесуваат до губење на контакт со детето во нас, нашите желби, нашите интереси, изворот на енергија и мотивот за подвижност на нештата во нашите животи. Го заосноваме нашето однесување на побарувањата, очекувањата на другите, нормите на општеството. Кога се придржуваме до навики, побарувања и норми нашиот живот се чини дека поминува како истекувањето на хелиумот од еден балон. Ние стануваме дсиконектирани од нашето ИД.
Терапијата често пристапува на таков начин што не поврзува со нашето ИД повторно. Но често неповрзаноста со детето во нас не е проблемот,или најмалку бараме не главниот проблем. Кога им даваме контрола на нашите емоции и импулси, дозволувајќи им да го детерминираат курсот на нашите акции губиме контакт со возрасниот во нас затоа потребно е повторно да ја превземеме контролата над нашиот живот и да постигнеме одредено ниво на стабилност и баланс.

Секој се соочува со препреки во својот живот.

Често фантазираме за идеологии, пронаоѓање на клучот за нашето постоење, внатрешното чувство на насока кои ќе ни дозволат да се опуштиме и да ‘’пловиме’’ низ животот без постојано да го поместуваме кормилото и курсот на нашиот пат.
Но размислувањето дека сето ова може констатно да трае е заблуда.
Како и што кормилото на бродот има потреба од константно подесување на насоката со цел достигнување на дестинацијата на патниците , нашите животи имаат потреба од свесно внимание на насоката на движење.

Често нашето расположение се менува затоа што сме се посветиле и сме се фокусирале на потребите на нашето живеење.
Постојано се трудиме да гоменаџираме своето работно место, да посветиме време на семејството, да ги однесеме децата на училиште,  да ги измиеме садовите, да го искосиме тревникот, да ги платиме сметките и сите оние активности кои генерално го опишуваат однесувањето на еден одговорен возрасен човек. Нашето внатрешно дете за време на ваквите активности ретко го вклучуваме , често посакуваме да заминеме на одмор со партнерот и децата да ги оставиме кај родителите , и воедно да заборавиме на сите обврски поврзани со работното место.
Но често проблемот се состои од следното: одложувањето на одговорностите, оддолжувањето на нештата предизвикува нивно натрупување и емоционални потешкотии при справување со натрупаните обврски.
Предизвикот во ваквите времиња не е пристапувањето кон вантрешното дете, туку во развивањето на посилна врска со поддеднакво важниот аспект на нашата личност – нашиот внатрешен возрасен.

‘’Возрасниот’’ е дел од нас и ни овозможува да ги надминеме импулсите кои ни изгледаат ирационално.
Кога излегуваме со пријателите често знамеме да се опуштиме. Внатрешниот возрасен на понудата на второ пиво при управување на моторно возило би одговорил со : ‘’Да би зел но не мислам дека е добра идеа, одговорност ми е да возам трезен, а ме чекаат и обврски наутро ’’, додека пак ‘’внатрешното дете’’ би рекло : ‘’Би можел и 10 да испијам, полицијата не би ме запрела, а утрешните обврски ќе почекаат ’’.

На секој човек потребни му се внатрешното дете и возрасен.
Отсуството на секој од овие аспекти не би овозможил комплетност на една личност.
ИД – нашето внатрешно дете е изворот на енергијата, драјвот, задоволството, среќата, безгрижноста , тогаш зошто ние е потребен возрасниот ?

Често отсуството на вантрешниот возрасен може да доведе до :

  • Неспособност за контрола на импулсивното однесување: злоупотреба на супстанции и наркотици, гнев, и немање на контрола врз емоциите
  • Тенденција на потпаѓање под влијанието на контролата на ирационалнио стравови
  • Неспособност за одлучување, справување со поголеми проекти, справување со поголеми одлуки во животот

Внатрешниот возрасен е оној кој е спремен да донесува одлуки, да умее да го разбере партнерот, да ја превземе одговорноста и да донесе одлука во тешки времиња наместо да замине и да се повлече, внатрешниот возрасен е спремен да се соочи со стравовите, вистината која е тешка да се прифати, предизвиците на животот, спремен е да го прифати минатото, да пронајде начин да го балансира своето внатрешно дете.

Храброста, посветеноста, одговорноста се само дел од карактеристиките кои го  одликуваат внатрепниот возрасен, иако сите сме во почеста потрага по своето внатрепно дете не треба да гледаме на својот внатрешен возрасен како на непријател.

Извадок од: psychologytoday.com