Како да им помогнете на блиските кои живеат со депресија?

од  |  0 коментари

Мојата пријателка живее со депресија веќе 1 година, направив се од себе за да и помогнам. Секогаш е исцрпена, негативна , неодговорна, не ги прифаќа советите од својот психолог и терапијата постојано ја менува по сопствени желби. Изгуби секаков интерес за работа, социјален живот, ретко излегува од дома, а кога и да излеземе на прошетка инсистира веднаш да си замине дома. Постојано се и смета, има негативни ставови скоро за се, а постојано се жали од секакви болки во телото без да превземе грижа за сопствената среќа и здравје. Постојано се трудам да ја мотивирам но не ми успева. Што би можела да направам? ‘’  

Можеби и вам ви се случило да посакате да му помогнете на лицето кое ви е од големо значење, но истото да не ја прифаќа вашата помош. Неприфаќањето на туѓата помош е честа појава кај ваквата состојба. Депресивноста често се опишува како ‘’обична настинка за менталното здравје’’, ние често собираме микротраги на таа болест преку другите луѓе околу нас со текот на времето.

За тоа не сме ни свесни, но затоа пак тешко ни е да ја одржеме својата рамнотежа во однос на моќните сили на депресијата. По некое време во друштво на таквите лица ќе започнете да ја чувтствувате инерцијата на оваа состојба, безнадежноста пропратена со постојано преиспитување на нештата кои ги правите
Решение е да завземете свој став и да ја ограничите изложеноста на силите на депресијата ставајчи врз себе ‘’ маска со кислород’’ први.

Кога се обидувате да им помогнете на своите пријатели вие исто како да делите улога на жртва (лицето со депресија) и спасувач (Вие). Ова е незибежно затоа што и психолозите често може да се најдат во улога на жртва и спасител во исто време како и секое лице кое се бави со терапија и советување. Од пријателот во таа ситуација се очекува да биде спасител, а на вам останува да одлучите дали можете да гго поднесете тој товар. Со самото тоа што му помагате на својот пријател, вие несвесно не си правите никава услуга на себе си, се задоволувате со своето јунаштво и си одмагате на себе.

Што може да направите во ваква ситуација?

Едноставно добро е да си признаете себе дека сте превзеле улога не негователи и потенцијално сте го загрозиле своето ментално здравје.Доколку успеете да го убедете својот пријател да излезе и да прошета на свеж воздух барем 20 минути дневно со тоа сте постигнле мала победа затоа што промената не доаѓа веднаш кај ваквиот тип на пациенти. Сами не можете да помогнете во справување со оваа болест затоа пто сепак за незиното дијагностицирање и лечење потребна е помош од стручно лице.