Како да изгледате 10 години помладо за само 10 минути

од  |  0 коментари

Само мали промени се неопходни за да се чувствувате,но и да изгледате помладо!

 

Користете подлога (база за шминка)

Жените мислејќи дека ќе изгледаат поубаво често прават грешки кога нанесуваат декоративна шминка во големи количини. Тоа го правиме од проста причина надевајќи дека ќе изгледаме помладо. А во суштина, постигнуваме контраефект па често се случува да изгледаме постаро.Затоа важно е да знаете дека  најдобро е да се одлучите за минимална односно да користите декоративна шминка во што помали количини.Тоа би требало да значи,обавезна подлога и сосем мал слој на пудра во прав.

Нанесувајте коректор под очите

 Една од причините, зошто изгледате постаро е темните кругови под очите кои со тек на годините стануваат се поголеми и поистакнати. Коректорот ќе ви помогне да ги прикриете подочниците , но сепак внимавајте да не претерате со коректорот бидејќи возможно е да се појави разлика помеѓу бојата под очите, со останатиот дел од лицето.

Best-face-moisturizer-for-sensitive-skin-women-1

Одберете облека која што ќе ви одговара според телесната градба

Не ве подмладува само лицето,него и облеката која што ја носите. Многу жени престануваат да ја пратат модата како што стареат,и често носат гардероба во која ќе изгледааат постаро.

Решете ги непотребните влакна на вашето лице

 Сите се согласуваме со фактот дека депилирањето не е баш и најугодна работа на светот, но сепак чистото лице, без непотребни влакна на него,делува неколку години помладо. Издепилирајте ги со помош на восок надусниците,убаво обликувајте ги веѓите и средете ги оние чудни влакна кои навистина незнам  што бараат на нашите образи.На тој начин сигурно ќе излгедате барем за неколку години помладо.

how-to-look-10-years-younger3

Променете ја фризурата

Пробајте нешто поинакво! Најдобар начин тоа да го направите е да го прашате вашиот фризер која фризура вас ви прилега и ќе направи да изгледате помладо според обликот на вашето лице.

Користете маска за лице

 Доколку сакате да симните 10 години од вашето лице, а немате ни желба ни воља да користите декоративна шминка, важно е редовно да користите маска за лице. Пред  да ја нанесите маската направете пилинг на лицето така што ќе ги отворите порите на лицето кои подоцна ќе бидат спремни за нахранување.

Ageing-Successfully-Reversed-in-Mice-Human-Trials-to-Begin-Next

Користете светли бои за вашите усни  

Темните усни ќе направат само  да ги потенцирате вашите проблематични делови на лицето. Пастелните,мат и светли нијанси се апсолутни ,,must have”  производи доколку сакате да изгледате младолико.

Смејте се

 Последена но не и помалку битена на оваа листа е насмевката. Насмеаното лице во истиот момент станува многу помладо.