Како да уживате во сауна за време на зимските денови?

од  |  0 коментари

1. Почнете ја сесијата со туширање

Одењето во сауна се вели дека е попријатно доколку вашата кожа е мокра, но многумина не се согласуваат со ова па поради тоа одат во сауна без претходно да се истушираат за да можат да ја почуствуваат својата пот. Тоа е сепак прашање на сопствена определба.

2. Користете пешкир за да седнете на него

Овде се работи за хигиената, бидејќи клупите во сауната стануваат многу топли, понекогаш дури и жешки. Во врска со нивото на температурата советот е дека 80 – 90 целзиусови степени  е доволно . Додадете влажност со повремено ставање на вода врз камењата. Останете во сауната онолку долго колку што се чуствувате добро во неа. Натпреварот во однос на тоа кој ќе остане подолго не е здрав и е спротивно од она што се препорачува за сауната.

3. Рапидна промена од топло на ладно не е препорачливо. Прво притоплете се во друга просторија доволно добро пред да влезете во сауна. Тоа е така, за да не предизвикате кај телото топлотен шок.

4. Пред да се истуширате, затоплете се во сауната, а после туширањето можете да се вратите назад во сауната. Чистењето е суштинскиот дел на сауната. Употребете помала количина на вода, со цел отворените пори од потењето да се прочистат од бактерии, токсини и сите нечистотии. По потењето и доброто плакнење, корисникот на сауната е сосема чист. Упатството дозволува повторување на сауната и процесот на ладење онолку често колку што вие сакате.

5. Колку пати треба да одите во сауна? Онолку често колку што вие сакате. Еднаш е доволно доколку вие така се чувствувате. Три пати е можеби просечен број. Завршете ја сауната со туширање со освежувачка вода.

6. Потоа одморете се и напијте се нешто освежително. Само облечете се доколку сте завршиле со целата сесија. Пред и во текот на сауната избегнувајте било каков алкохол или премногу храна. Лесен оброк и освежителен пијалок се совршен крај на една сауна.