Вода за совршен тен

од  |  0 коментари

Што сме постари, тоа во нашиот организам има помалку вода. Ембрионот кој е стар два месеци се состои од 97% вода, а организам на возрасната вода содржи околу 67%. Ова научна вистина со голо око може да се види на нашата кожа.

Дехидрираната кожа ја губи еластичноста, кожата се лупи, повеќе е осетлива и изгледа постаро. Косата на која и недостига влага е сува и безживотна, а целулит се зголемува кога организмот не добива доволно вода. Овие проблеми ќе ги решите доколку пиете 8 чаши вода на ден, и доколку користете препарати кои во себе содржат различни врсти на вода: дестилирана, морска, термална, овошна …

Напијте ја кожата со вода – Американскиот молекуларен биолог Петар Агре открил дека во мембраните во клетката постојат протеини и за тоа откритие добил Нобелова награда за хемија 2003 година. Понатамошна истражувања покажаа дека се новооткриените протеини формираат пори кои регулираат преносот на молекулот на вода од клетка во клетка. Тимот на научници го искористија ова револуционерно откритие и патентираа линија на нова козметика. Кремовите од ова козметичка линија создаваат голем број на нови канали во кои водата поминува и стигнува до најдлабоките делови на епидермис, а голем број на водените канали значи подобра хидратација.

Концентрирана морска вода – станува збор за концентрирана морска вода од која се со седиментација отстрануваат кристали на сол, а се зачувува незината минерална благодет. Полна е со калциум, калиум, јод, магнезиум и сумпор. Има антибактериско својство и ја стимулира циркулацијата.

Овошната вода враќа младешки изглед – сосема нова димензија на хидратација дава вода од овошјето. Во козметичките линии се користи вода од малини, која ги соберува порите и одлична е за масна кожа, вода од портокал има антиоксидантно дејство, вода од грозје овозможува лифтинг и хидратација на сува и зрела кожа. Исто така, во козметиката се користи комплексот на овошната вода и пулпата од портокал, грејпфрут и киви. Овие состојки успешно ги впиваат витамините и минералите, а овошните олигосахариди ја чуваат влагата на кожата.

Тоникот испрскајте го по лицето, после чистењето на кожата, наутро или навечер. Оставете го да се исуши па нанесете го кремот. Тоникот можете да го носите со себе и да го напрскате на кожата кога на Вашата кожа и е потребно освежување.