Совршено место за книги

од  |  0 коментари

Книгите ги едуцират и културно ги збогатуваат и надградуваат луѓе, а просторот го декорираат и создаваат специфичен амбиент. Затоа изберете соодветна позиција и искористете ги книгите за декорација на Вашиот дом.

Домашните библиотеки некогаш беа многу класични и најчесто сместени во посебни простории или во аголот во дневната соба. Високи полици исполнети со книги визуелно го оптоварува просторот. Но со вистински избор на бои и со пратечки елементи, класичната библиотека може да биде многу атрактивна, елегантна и отмена. Модерен дом толерира библиотеки со сите незини делови: дневна соба, трпезарија, кујна, спална соба или детска соба, ходникот …

Во дневна соба

Библиотеките и во модерните домови најчесто се поставуваат во дневната соба. Модерни регали содржат многубројни полици за книги и тако на библиотеката даваат истакнато место во просторот.

Во трпезаријата

Одличен простор за поставување куќна библиотека. Незината истакната позиција со трпезариската маса која е декоративна, оригинална и на просторот му дава специфична атмосфера. Полиците за книга можат да се направат во комбинација со стакло, па се затворените делови можат да се користат за декоративни предмети. Елемент, кој е во суштина комбинација на витрина и библиотека, одлично е пополнува секоја трпезарија и дава можност на чести промени на предметите во сталкниот дел.

Во детската соба

Библиотеки во детските соби се потребни и како елемент за одложување на училишните книги. Димензии на библиотеката не треба да бидат преголеми ниту да заземаат најголем дел од просторот. Сепак книгите ќе го збогатат просторот, а со сместување на библиотеката до креветот ќе се зголеми навика за читање пред спиење.

Во ходникот

Ходниците се одлично место за сместување на куќната библиотека. Со ваквото решение, долгите ходници не се монотони бидејќи вниманието привлекуваат книги кои ќе направат да застанете и да бидете баш во овој простор за да ја проучите една од нив.

Во спалната соба

Читање на книга пред спиење е одличен облик на опуштање. Библиотека во склоп на спалната соба олеснува и прави да читањето ни биде навика. Полици за книги не мора да бидат компактно поставени во еден дел од собата, туку на различни позиции. На тој начин ќе се зголеми квалитетен ентериерски впечаток. Изразито модерни концепции на спалните соби со интегрирано отворено купатило, светлосни ефекти и атрактивен мебел, прифаќаат модерни облици на библиотека како нивен составен дел.

Во кујна

Доколку до сега не сте размислувале да библиотеката сместете во кујната, време е да размислувате и за тоа. Кујната, која е често поврзана со трпезаријата и дневната соба и така е видлива во централниот простор, идеално ќе послужи за редење на книги и кујната ќе ја направат специфична и поинаква. Книги можат да се поставуваат во самостојни полици сместени наспроти главниот дел на кујната, елементи кои ја делат кујната од преостанатиот простор или во главни дел на кујната. Со ваков избор, кујната добива нова просторна димензија и атрактивност.