Како децата го прифаќаат разводот на нивните родители?

од  |  0 коментари

За децата разводот може да биде стресен, тажен и збунувачки период.
На било која возраст и да се, децата може да се чувствуваат гневни за разделбата на нивните родители. Нудењето на помош и разговорот со децата околу разводот помага при полесно справување со новонастаната промена во нивните животи. Обезбедувањето на стабилност во домот значи прифаќање на потребите на детето со сигурен позитивен став.

Децата чии родители се разведуваат чувствуваат лутина и гнев. Секое дете кое поминува низ разводот заедно со своите родители е дете кое почувствувало гнев.
Многу од децата кои изгледаат сосема смирено, тонат во своите чувства и подоцна својот гнев можат да го изразат низ деструктивни начини како депресија, злоупотреба на супстанци или деликвенција.
Потиснатиот гнев може исто така да се појави маскиран низ главоболки, несоница, вртоглавици или пак честа појава дијареа.

Чувството на грижа е нормално чувство. Кога стравовите на децата не поминуваат по период од неколку недели и притоа тоа ја попречува нивната способност да ги завршуваат задачите, секојдневните обрски или пак да се справат со своите чувства, кај децата/детето може да настане анксиозност.
Анксиозноста во оваа состојба доаѓа со чувствата на вина, напуштање, животни промени, услови на живеење, страм, како и загриженост дека во блиската иднина можеби ќе дојде до некаква негативна појава.
Некои од физичките симптоми на континуирана наксиозност се вртоглавица, дијареа, а кај помалите деца и шмукање на палецот и мочкање во кревет.

Како би им го олесниле на своите деца прифаќањето на разделувањето на нивните родители? ­
Бидете им достапни и слушајте ­ објаснете им на своите деца зошто се разведувате ­ бидете свои, не можете да бидете замена за два родители ­ дадете им до знаење дека разводот не е по нивна вина ­ детето не смее да се користи како курир за размена на информации помеѓу двата родители ­ родителите не смеат во своите расправии да го вклучуваат и детето, колку помалку се соочува со конфликт за време или веднаш по разводот толку побрзо и ќе се прилагоди на состојбата. ­ разводот е време на големи драстични промени не амо за партнерите туку и за децата ­ минимизирањето на промените во опкружувањето, училиштето или пак другаррчињата обезбедува полесно справување со промената.

­ Договарањето околу активностите и обврските во домот е доста важно.
­ На децата потребно им е квалитетно поминато време и со двата родители. Не е фер кон детето да има ограничен пристап кон двата родители. ­ Децата не смеат да завземаат позиции при распраијата помеѓу двата родители ­ Дозволете им на децата да бидат деца. ­Не плашете се да побарате помош доколку детето чувствува страв или пак гнев и незнае како да се справи со своите чувства.

Многу често тие се однесуваат лошо со цел да ги изразат своите чувства и незадоволство а воедно и тага. ­ Одржете ја стабилноста во врските и односите. Една од причините поради која разводот е толку многу болен за децата ее тоа што врската со нивните родителу постојано се тестира и се редефинира. Една од најдобрите работи која можете да им ги пружите на своите деца е да им дозволите многу од работите кои дотогаш ги сакале да продолжат да ги негуваат.
Одржување на врските со дедовците и бабите, вујковците и вујните, тетките и чичковците како и соседите и пријателите.

Бидете добри родители за своите деца и направете компромис!

Извор: psychologytoday.com