Како до совршена кујна?

од  |  0 коментари

Зошто да направите наместо да купувате готов фабрички произведен модел на кујна? Одговорот е повеќе од јасен- високите цени, стандардните големини и нискиот квалитет на материјалот и ограничувањата кога станува збор за модели и бои. Кога избирате кујна во склоп на вашиот буџет ве советуваме да инвестирате во добар модел, добар материјал и добар изведувач. Изборот на вистинските материјали е оној кој секогаш е најбитен кога самите сакате да го одлучите дизајнот на вашата кујна.

Еве и неколку практични совети проследени со одбрани дезени кои би сакале да ви ги предложиме како идејно решение кога станува збор за нова кујна.

1.Кога ја менувате кујната најпрво треба да обрнете внимание и на дезенот и бојата на плочките во позадината на работната маса, како и на подот. Не би сакале новата кујна да не биде во склоп со просторот околу неа нели? Постојат универзални, модерни и поинакви решенија за замена на класичните плочки во кујната како: позадина со природен камен, позадина со плочки од стакло, целосна позадина од стакло со одреден дизајн и позадина со медијапанска плоча. Тимот на стручњаци и експерти за дизајн од компанијата Leon Company  препорачуваат употреба на природен камен, затоа што покрај естетиката добивате воедно и дизајн кој нема да изгуби на мода но и квалитет со текот на годините, а ќе одговара и на секоја наредна нова кујна.

Позадина од природен камен- мозаични плочи од мермер

Позадина од природен камен- мозаични плочи од мермер

 2. Дизајн на кујна. Дизајнот е доста битен затоа што потребно е да размислувате за големината на кабинетите на кујната, должината, елементите кои е потребно да ги вметнете во неа и местоположбата на штекерите. За оваа цел најдобро е крајното решение да ви го даде изведувачот. Каде би нашле најдобар модел на кујна освен во продавница?

– Па нормално или кај комшивката или од Интернет.

Модерна кујна

Модерна кујна

Chocolate Maple Glaze [M01]

Класично-рустична кујна

 3. Која боја на кујна да ја изберете? Кога станува збор за избор на боја на кујната изберете модерно решение доколку сте љубители на често менување на мебелот во домот и ризикувајте на избор на кујна во драматична боја. Доколку пак не можете често да инвестирате во инвентар во домот одлучете се за класични тонови кои одат одлично со остатокот од ентериерот во домот.Одлучете се за тонови на бела, кремова, црна или кафеава кујна.kujnaaaaaa4. Каква работна плоча да изберете? Доколку сакате практична кујна од која ќе бидете презадоволни изберете работна плоча за кујната од гранит или мермер. Препорачливо е при изборот да преферирате  гранит, затоа што кога станува збор за квалитет и изглед ниту еден материјал не може да го замени во никој случај. Гранитот има голема отпорност, одлично изгледа,а во основа е цврст материјал кој е отпорен на секакви влијанија, а одлично ќе ви помогне со при сецкањето на салати и правењето на кифлички врз него.siren5. Сакате ли шанк со кујната? Шанкот ќе ја збогати вашата кујна,  а воедно ќе го збогати и амбиентот во домот. Било да е шанк за јадење или пак шанк за послужување на гости, добро ќе дојде како адиција на вашата нова или стара кујна. Дизајнерите на ентериер советуваат правење на шанкови од камен кои не само што одлично изгледаат, ќе бидат и тема на разговор и восхит секогаш кога ќе ги послужувате вашите гости.

Покласичен шанк од мермер за служење на пијалоци во кујната

Помодерен шанк од мермер за служење на појадок и закуски во кујната

Modern-Home-Bar-Design-Ideas-With-Pendants-Lighting-And-Rustic-Stone-Wall-Also-Bar-Stools-And-Tiles-Flooring-Design

Потрадиционален шанк од гранит за служење на пијалоци во кујната

6. А, што мислите за уникатна трпезариска маса  од гранит како надополнување на севкупниот изглед?

Stunning-Granite-Top-Dining-Room-Tables

Кога веќе ги прочитавте нашите совети погледнете ја нашата галерија на  модели на кујни кои ги избравме за вас и изберете нешто и за вашиот вкус, а доколку ви е потребен стручен совет и препорака за типови на работни плочи и маси тогаш на располагање ви стои тимот на реномираната компанија Leon Company. (За повеќе информации околу нивните проекти кликнете ТУКА)