Зошто да користите природни материјали во просторот за живеење?

од  |  0 коментари

Користењето на природните материјали е добро за околината, вашиот паричник, а исто и за вашиот стил.

Можеби сте чуле за предностите на декорирањето со природни материјали како дрво, мермер, метали, гранит и слично. Се прашувате што всушност означува поимот природен материјал? Не сте единствени. Кога станува збор за ентериери, зборот природен материјал е широк термин кој се однесува на било кој обновлив ресурс кој се добива директно од природата за да се користи при различни проекти во домот. Корисниците деновиве стануваат свесни за квалитетот и долготрајноста на природните материјали кои ги користат, затоа што производите кои помалку се обработувани се добри за нив но и за околината, а квалитетот несомнено им е ненадминлив.

Доколку го редизајните, обновувате или пак правите мали промени во домот, еве зошто да се одлучите за инкорпорирење на природни материјали.

1. Природните материјали се обновливи и имаат долг век на траење

Сигурно многу пати сте ја чуле изреката”Производи со ваков квалитет веќе не се прават”, да оваа констатација е вистинита. Да, кујните што пред 20 тина години се произведуваа не го имаат истиот квалитет, плочките во бањите, патосниците , квалитетот им е доста намален поради пониската цена на материјалите и употребата на ефтини материјали за производство. Веројатноста дека новите керамички плочки кои сега ги инсталиравте во бањата ќе имаат животен век до 10 години, односно тешко веројатно е дека во првите 5 години нема да се случи пукање, одлепување, а 100% е веројатноста дека веќе нема да бидат модерни и убави по тој одреден период па повторно ќе треба да инвестирате во нови плочки. Тоа не е случај со гранитните плочки. Зошто? Гранитните плочки се уникатни, имаат долг век на траење дури и до 40+ години а веројатноста дека ќе престанат да бидат модерни е иста како одминувањето на популарноста на бендот Rolling Stones, еден е, незаборавно добар, има квалитет кој ќе трае со генерации, модерен ќе биде и покрај сите трендови кои одминуваат. Големата предност на овој материјал е што овозможува поплочување на мијалниците, работните маси, лавабоата и кадите со истиот материјал за да бидат компатибилни со подовите и ѕидовите, што со керамичките материјали тешко се овозможува.

banja 2. Вашиот дом секогаш ќе биде модерно уреден со употреба на природни материјали

Природниот изглед е секогаш модерен, особено изминатите две години а и во најава на следните неколку кои доаѓаат. Кога станува збор за креирање на трендовски ентериер природните материјали се дефинитивен избор. Дизајнерите алудираат на се поголема употреба на природните материјали со цел инкорпорирање на природата во секој аспект на нашето живеење, примарно заради ефектот на креирање на релаксирана и опуштна атмосфера која совршено одговара со брзото и динамично темпо на живот кое сите го имаме. Домот треба да биде место за пронаоѓање на мирот од секојдневните обврски, па затоа најдобриот избор е природен материјал. За софистицирано чувство внесете малку топло-ладно во трпезариската и дневната соба, измешајте гранитно-обложени ѕидови со детали на темно дрво, внесете софистицираност и рустикалност во исто време и уживајте во убавината на сопствениот дом.

23. Природните материјали обезбедуваат безвременски декор

Избирајќи безвременски декор, вие го избирате клучот за ентериер кој ќе трае со години. Кој сака да предекорира по две -три години откако вкусовите на преостанатите потрошувачи на пазарот ќе се променат? Одржливите природни материјали се наоѓаат секогаш на врвот на листата за безвременски материјали за ентериер. Кој материјал да го изберете? Кога станува збор за мермер, дрво, гранит и метал никогаш нема да погрешите. Изборот на материјали мора да одговара и на вашиот животен стил, доколку сте класични тогаш изберете мермер, доколку имате тенденција за рустика тогаш дрво е совршен избор за вас. Кога ќе ги изберете основните материјали, вложете повеќе средства во подови, ѕидови, бањи и кујни, места каде инвестициите за повторна промена се најголеми.

spalna 4. Природните материјали во неутрална боја се секогаш правилен избор

Неутралните бои се основата за секој и сечиј дизајн во домот. Секоја соба во домот е потребно да има елемент кој е во неутрална боја со цел обезбедување на останатите аспекти од декорот да се ситакнат и да дојдат до фокус. Кога неутралните елементи се основа на дизајнот тогаш нека бидат направени од природен и одржлив материјал. Изборот на бела и бежова боја на ѕидовите на ентериерот во комбинација со мермерен камин во бела боја, дрвен под и дрвени врати во потемни кафеави тонови ќе го акцентираат просторот и ќе му дадат wow фактор.

najdobra5. Со природните материјали добивате најдобар квалитет, со помалку инвестиции

Природните материјали, да го земеме гранитот како идејно решение за скали за пример, можеби изгледа како поскапа инвестиција од преостаните идејни решенија како керамички плочки на пример, меѓутоа на долг рок гледано, керамичките плочки за неколку години повторно се менуваат а гранитот има неверојатен животен рок, единствено во што се вложува повторно од првичната инвестиција е во затварање на малите простори помеѓу ѕидовите и плочите со незначителна количина на материјал за пополнување. Во еден животен рок на гранитните скали, вие можеби ќе треба да смените повеќе од два пати керамички плочки што е доста поскапа инвестиција.

skali

Најважната причина за внесување на природни материјали во домот е нивната специфична сирова, природна убавина, која не е возможно да се рекреира од било кој друг материјал вештачки направен да изгледа како природниот. Наш совет е да размислувате практично и логично кога следен пат ќе реновирате во домот за да направите паметна инвестиција во природен камен, природно дрво и метал, затоа што тие го облагодаруваат просторот.

Доколку ви е потребна помош при правењето на избор на материјали и модели на ентериер кои можат да се изведат од природен камен, мермер и гранит, тогаш ви препорачуваме да се консултирате со професионалци.  Наша препорака е да изберете идејни решенија, од фирма која една од лидерите на нашиот пазар – фирмата Leon Company, фирма со долга традиција и докажан квалитет.

 

Leon Company,

Адреса: Новачки пат, Битола, (кај центар Пржо)

Телефони за контакт : +389 47 233 500;  +389 75 600 390;

За повеќе информации за компанијата кликнете ТУКА.