Психолошка манипулација

од  |  0 коментари

Психолошка манипулација е тип на влијание кое има за цел да го промени однесувањето или перцепцијата на другите преку техники на манипулирање со другиот.

За да биде успешна, умешноста на манипулацијата вклучува  прикривање на агресивни или пак субверзивни намери и однесувања -познавајќи ги психолошките слабости на жртвата доволно добро за истите да бидат употребени во форма на ефективни психолошки оружја или тактики кои може да се користат против неа.
Ова најчесто се постигнува со помош на употреба на наметната агресија која може да биде толку суптилна што не може лесно да се дектектира.

Психолошките манипулатори знаат добро што сакаат и ќе се борат силно за да го добијат тоа.
Тактиките кои психолошките манипулатори ги користат се многу ефикасни методи на моќ и контрола затоа што најчесто е дури и невозможно да се гледаат како агресивно однесување, а придонесуваат на несвесно ниво жртвата на манипулирањето да се чувствува ‘’заробена во ќош’’, во тој момент жртвата или ќе се повлече или пак ќе му ги овозможи сите барања на манипулаторот.

Зошто луѓето се служат со манипулација?

Постојат повеќе мотиви за манипулација. Понекогаш тие мотиви се кријат зад желбата на манипулаторот да го добие посакуваното или пак да добие предност пред останатите- без разлика која е ‘’цената која за тоа треба да ја платат другите’’.
Манипулацијата се појавува и како моќ за чувство на контрола над партнерот, колегите или пак останатите во групата.
Понекогаш чувството на моќ ја зголемува нивната самодоверба, па одтаму потекнува и желбата за манипулација.
Често лицето кое манипулира не ги поседува социјалните способности за да го добие нештото кое го посакува или му е потребно, со помош на конвенционалните начини. Некои психолошки манипулатори пак имаат проблем и неможат да чувствуваат емпатија, да ги разбираат своите и чувствата на другите па затоа често  своите желби ги ставаат над се останато.
Како манипулираат?

Постојат многу техники кои манипулаторите ги користат за да добијат моќ и контрола врз своите ‘’жртви’’.
Еден од начините на манипулирање е преку користење на лутина и гнев и има за цел повлекување на жртвата и влијаење врз незините размислувања и  реакции.  Манипулаторите често одбиваат да прифатат дека погрешиле. Наместо да даваат точен одговор на прашањето упатено кон нив тие често се служат и со техника на диверзија и наместо тоа вешто ја менуваат темата и конверзацијата ја менуваат на своја насока.
Често манипулаторот делува збунето, без разлика дали се работи за темата за која се зборува, актуалената ситуација и се бррани себе со незнаење или недоволна информираност околу истите.
Често манипулаторите избегнуваат да ја прифатат одговорноста за своите акции што кај жртвата предизвикува преиспитување на емоциите, предизвикува чувство на повреденост и измаменост.
Често  себе си се бранат со користење на конфузни одговори и создаваат непријатно чувство кај соговорникот притоа разговоррно присилувајќи ги да се откажат од понатамошна конверзација на таа тема.  Исто така некои од техниките на манипулација вклучуваат збунување на жртвата и предизвикување на чувство на сомнеж на незината перцепција и сеќавања. Наметнувањето на вина и лажењето се исто така еден од начините на кои луѓето манипулираат. Манипулаторот може да ви каже дека не се грижите доволно, дека сте себични дека вие го правите несреќен и несигурен. Жртвата генерално чувствува вина и страм, се чувствува анксиозно и несигурно во своите одлуки.
Манипулаторот е тој што ја завзема улогата на жртва со цел да се здобие со симпатии или да добие сожалување од нивните совесни жртви.
Флертувањето, шармот и заведувањето се дел од техниките за манипулирање.

Како вие манипулирате со другите?