Како најдобро да ја искористите софата во ентериерот

од  |  0 коментари

Дневната соба за поголем дел луѓе е место за опуштање и забава во друштво, или за гледање телевизија. Затоа тој простор треба да биде убаво уреден и стилизиран. Еден предуслов за тоа е и добриот распоред на мебелот, а ние ви откриваме како ефектно да ја вклопите софата во остатокот од ентериерот, но и каква софа да изберете за вашиот простор за да имате опуштена атмосфера во својот дом.

Вклопете ја софата со помош на перничиња

Сјаен начин да се вклопи впечатливо парче мебел, во овој случај софа, во неутрален ентериер е со помош на перничиња.  На софа со различни бои може да ставите исти перничиња, или на софа со дречливи бои ставете перници кои имаат боја како и остатокот од ентериерот. На овој начин ќе го искористите добро познатиот трик така што со минимален труд и пари ќе постигнете совршен ефект.

Креирајте издвоено ќоше 

Софите кои се разликуваат во бојата од останатиот мебел, може да се употребат и визуелно да се направи издвоен простор, како на пример ќоше за читање книги. Ова е одличен начин да го уредите просторот посебно ако имате голема дневна соба, а имате да речеме потреба барем малку да се издвоите и на мир да уживате во своите секојдневни ритуали.

Направете го просторот пожив со помош на боите 

Ако вашата софа има неутрална боја, како и поголем дел од декорот во просторијата, одличен начин да го оживеете просторот е додавање на пример, розева табуретка или фотелја во сина боја. Перфектна е употребата на бои во ентериерот, макар и само со истакнување на детали. Многу е важно ентериерот да не биде едноличен зошто не делува стимулирачки, ниту на нашата креативност, ниту на расположението.

Ублажете го строгиот изглед 

Строгиот изглед го прават мебелот или пак софите со оштри линии кои може да се ублажат со додавање на мек мебел, или мебел со заоблени линии на пример маса или столчиња со форми на круг. Ова секогаш треба да се има во предвид кога се опремува дневна соба за да се ускладат мебелот и сите детаљи. Од ускладеноста впрочем и зависи колку ќе може да се релаксирате и колку престојот во таа просторија ќе ви биде пријатен.

 

Софи за “open space”

Софите со отворен ќош совршено се вклопуваат во простории од отворен план, зошто помалку го попречуваат погледот и не го делат просторот. Затоа таквите софи се препорачуваат за “open space” бидејќи совршено се вклопуваат во амбиентот на така организиран простор.

Мултифункционалност

За оние кои едноставно сакаат мултифункционалност, неколку помали и внимателно избрани парчиња мебел може да бидат навистина добар избор. Одличен пример се два големи отомани споени така што ќе го направат просторот дополнително поопуштен, а масичката за софа поставена преку нив претставува исто така интересен и практичен елемент. Најдобро при избирањето на овој мебел е тоа што може да се користи како софа, засебно како потпирач за нозе или како практично столче.