Паметен костим за капење кој ве предупредува кога е време да се засолните под сенка.

од  |  0 коментари

Или пак повторно да нанесете крем за сончање…

Француската менаџерка Мари Спинали го осмисли овој извонреден костим за капење за жени кој ќе биде опремен со водоотпорен соларен колектор поврзан со вашиот паметен телефон кој сопственикот ќе го предупредува дека на кожата е потребно да се нанеси нов слој на крема за сончање.

Мари Спринали дизајнирала костим за капење кои предупредува дека е време да се нанесе крем за сончање или пак да се засолните под сенка.

,,Идејата ми светна еден ден кога бев на плажа и здогледав девојка која беше изгорена од сонцето. Истиот момент се сетив дека постојат тегли за цвеќе со сензори кои предупредуваат дека цвеќето треба да се полие со вода, па така помислив дека можеби треба да се измисли нешто, што луѓето ќе ги предупредува дека се предолго на сонце и дека е време на кожата да се нанесе крема за сончање ‘’

За почеток такви бикини ќе се произведуваат само за жени по цена од 149 евра и ќе бидат изработувани по мерка.

На самиот костим е прицврстен мал црн водоотпорен сензор кој го мери ултравиолетовото зрачење.  Информациите се добиваат на вашиот паметен телефон или таблет, односно се пренесуваат на сопственикот кој унапред ги внел податоците за типот на кожа и постигнување на саканата боја на тенот.  Апликацијата на телефонот ја предупредува особата која се сонча дека е време за нанесување на крема за сончање.

Спинли кажува дека овој изум е практичен бидејќи луѓето кои сакаат да се сончаат, во моментот кога ќе помислат дека е добро да се нанеси уште еден слој на кожата, обично веќе им е прекасно, односно најчесто веќе се изгориле.

Извор: zadovoljena.hr