Како паровите можат меѓусебно да си помогнат во елиминација на стресот

од  |  0 коментари

”Понекогаш подобро е да бидеме внимателни, наместо секогаш да се трудиме да бидеме во право. За долга и среќна врска не ни е потребен интелегентен ум кој зборува, туку трпеливо срце кое слуша.”

Стресот влијае врз врските повеќе од колку што самите и сме свесни за тоа.
Дел од овој проблем се состои во тоа што стресот е незибежен дел од секојдневието. Стресот со текот на времето станува дури и нормален дел од секојдневието па затоа партнерите стануваат и имуни на симптомите и знаците за предупредување.

Игнорирањето на стресот само го зголемува истиот. Тој е дури и пренослив, како партија пинг-понг каде тензијата преминува од едниот до другиот партнер и постојано е присутна во врската. Партнерите под дејство на оваа тензичност не можат да уживаат едни со други, не можат да се релаксираат а страда и вербалната но и невербалната комуникација.

Паровите каде постои нерегулиран стрес , почесто се караат, се повлекуваат еден од друг, се чувствуваат неповрзани, тажни, фрустрирани и лути. Постојаниот нерегулиран стрес може да креира поголеми проблеми.  Долготрајниот стрес депресивноста ја претвора во изолација која резултира во ‘’замрзнати’’ односи и ‘’далечна’’ врска.
Препознавањето на стресот, утехата на партнерот како и начините на пребродување на стресните ситуации се клучни индикатори не само во подобрување на односите со партнерот туку и креирање на стабилна и топла врска.
1.Препознавање на симптомите на стресот

Паровите често можат да се прилагодат на стресните ситуации како истите да се сосема нормална појава, притоа непрепознавајќи ги деструктивните дејства на истиот. Како да препознаете дали вашиот партнер се наоѓа во стресна состојба?

  • Често е нерасположен, избувлив, повлечен, менува расположение почесто, плаче, чувствува лутина, чувствува вознемиреност.
  • Партнерпт под стрес често симптомите на стрес ги ‘’лекува’’ со поголема консумација на храна, пие алкохол, пие медикаменти…

    1. Пристапете му на својот партнер

Доколку забележите знаци на стрес, пристапете му на својот партнер внимателно со зборови кои ќе го утешат. Користете реченици како: ‘’Дали имаш тежок ден драга/драги? Дојди седни до мене и да поразговараме малку’’.

3.Слушајте

Често сакаме да да бидеме разбрани од нашиот партнер, па затоа кога тој зборува добро е да го исслушаме. На тој начин тој ќе се чувствува згрижено, безбедно и сакано. Слушањето е вештина, не секој може да слуша активно и добро. Тоа е исто и со комуникацијата со партнерот. Станете активни слушатели не ги критикувајте неговите/нејзините мислења и делување, зборувајте мудро и одмерено само на тој начин ќе умеете да слушате, да зборувате подобро а со тоа и да имате одлични партнерски односи.

4.Утешете го/ја

Многумина забораваат да го утешат својот партнер, притоа првично пробувајќи да го решаваат проблемот. Правилно е првенствено да го утешите партнерот, а подоцна и да пристапите кон изнаоѓање на решенија на проблемот. Тоа е така затоа што вашиот партнер има потреба од ослободување од стресот пред бреинсторминг сесија. Гушнете го својот партнер  и покажете му дека можете да му бидете поткрепа за ослободување од чувството на стрес.

5.Бидете активни заедно

Физичката активност е одличен ослободувач на стресот. Доколку се одлучите да започнете заедничка активност како трчање, јога, пилатес или планинарење на пример заедно со партнерот,  вие не само што заеднички пристапувате кон ослободување на тензичниот стрес вие веќе сте пронашле и нов начин за зајакнување на врската и повторно зајакнување на страста.

6. Прашајте го својот партнер како вие можете да му помогнете

Еден од важните начини на поддршка на саканиот е да му се понуди помош. ‘’Дали постои некаков начин на кој би можела да ти помогнам за да се чувствуваш подобро?’’
Најчесто може да помогне и самиот гест во ослободување од тензичноста, некогаш одговорот е разговор, некогаш масажа, некогаш покажување на љубов.
Но додека не прашате одговорот на ова прашање ќе ви остане нејасен.

7.Покажете грижа

Кога знаете како партнерот го поминува својот ден и водите грижа околу активностите кои ќе ги извршува а се потенцијални стресори пробајте да му помогнете. За да ја подобрите својата комуникација пронајдете барем едно нешто со кое тој се справува во текот на денот и пробајте да го исслушате пред да дадете свое мислење.

8. Запрашајте се себе си како можете да допринесете за добросостојбата на партнерот
“Дали давам се од себе за да допринесам за среќата на мојот партнер?’’

Постоењето на стрес во врската може да ги саботажира односите во неа што може да доведе во дисконекција. Помогнете му на партнерот, а воедно помогнете во зајакнувањето на вашата врска преку навремено детектирање на стресот и некова елиминација преку креирање на систем за поддршка на вашиот партнер.