Што не треба да облекувате после триесетите?

од  |  0 коментари

Не морате да го менувате животот само затоа што сте ги почнале најубавите години, посебно затоа што тие не треба да бидат препрека за вас. Сепак, постојат работи кои можеби треба да престанете да ги носите, не затоа што вашето тело се променило туку затоа што со стилот покажувате ниво на зрелост.

Маички со слоган

Ваквите маички најмногу ги носат тинејџерките кои сакаат да бидат запазени ли нешто да изјават. Понекогаш носењето на ваквите маици може да означува и некаков вид побуна. Бидејќи тинејџерските денови се зад вас, нема потреба да привлекувате таков вид на внимание.

Искинати фармерки

Не би требало да носите искинати фармерки од истата причина како и онаа со маичките со слоган. Тие изгледаат добро на слаби модели во магазини или телевизија, но во реалниот живот сигурно не би сакале другите од страна да ве гледаат во искинати фармерки.

Плетенки

Секако дека плетенките се слатки, но за деца! За триесет години би требало да имате озбилна фризура.

Протеза

Ова дефинитивно не се години во кои би требало да носите протеза, доколку тоа навистина не е неопходно. Пред да се одлучите на ваков чекор, исцрпете ги сите останати можности.

Премногу сјај

Сјај во смисол на претеран накит, светки и слично. Тоа оставете го на поп ѕвездите и раперите, а триесетите се години во кои треба да обрнете внимание на стилот и елеганцијата.

Хеланки со кратки маици

Хеланките со тенки припиени маици не изгледаат добро на никого. Таа комбинација изгледа невкусно и тоа е нешто од кое мора да се држите подалеку.

Влегувањето во триесетите не значи дека треба да бидете недоволно модерни или конзервативно облечени. Само тргнете се настрана од некои работи кои можат да бидат потполно промашување што ќе направи да изгледате смешно.