Како треба да изгледа дневниот make-up?

од  |  0 коментари

Совети за дневен мејкап:

Очи

Во текот на денот, темните нијанси на сенки за очи на вашето лице ќе делуваат застрашувачки. Затоа, користете неутрални бои и избегнувајте темни ружеви. Избегнувајте нанесување на креон на долната и горната линија на очите. За да добиете совршен поглед, само нанесете тенка линија креон на горната линија на трепките. Со тоа ќе направите вашето лице да изгледа чисто и свежо во текот на целиот ден. Ако пак сте навикнати да ставате креон на долната линија од очите, тогаш ставете линија кога ќе биде темна и незаприметлива. Нанесете само еден слој маскара, и тоа само на горните клепки.

Образи

Секојдневната нега на лице е многу важна за свежиот изглед. Измијте го и исчистете го лицето со тоник. Секогаш користете подлога што е за нијанса посветла од вашата кожа без разлика дали нанесувате шминка за денска или вечерна пригода. Користете тонер бидејќи тој спречува разлевање и размачкување на шминката и ја прави долготрајна. За образите, наместо јако руменило, користете природно, мат руменило со кое ќе постигнете природен изглед.

Усни
Важен совет за нанесување на дневен мејкап е за усните да користите кармин или сјај. Избегнувајте ги темните тонови, а кармин или сјај можете да нанесете и неколку пати на ден, за вашите усни да изгледаат секогаш свежо.