Руменилото – тајното оружје на Вашата убавина!

од  |  0 коментари

Руменилото го дефинира контурите на вашето лице, ги покрива трагите на умор, малите недостатоци и му дава на лицето свеж изглед.

Голем број на жени го избегнуваат руменилото, но токму тоа може да биде тајното оружје на убавината. Руменилото го оживува Вашето лице и му дава на образите природен изглед, доколку правилно се нанесува. Исто така, вистинската мерка може да Ве подмлади и да Ви даде пожив изглед. Му дава на кожата сјај и убав изглед, бидејќи може да ги скрие малите лузните и флеки на лицето.

Четчиња и врсти на руменило – прво што треба да знаете за руменилото е да со него ги истакнувате контурите на лицето и да со правилната употреба лесно можете да ги сокриете недостатоците на лицето и обратно. Втора работа која треба да ја имате на ум, е да за нанесувањето на руменилото ви е потребно широко и меко четче. Оние кои најчесто се добиваат уз руменилото не се добри, бидејќи се мали и тврди и со нив е невозможно правилно да се распореди руменилото на лицето.

Доколку не знаете точно на кој дел од лицето треба да го нанесете руменилото, насмејте се. Поткренатиот дел од образот е најдоброто место за нанесување на руменилото. Не заборавајте да малку ја протресете го четчето за руменило пред да го нанесувате на лицето, за да не ставете премногу руменило на лицето. Доколку Ви се случи тоа, полека избришете се со марамче или со памбук. Во последно време се повеќе се популарни руменилата во крем. Нив нанесувајте ги исклучително со прсти и размачкувајте правилно со кружните движења по образот.

Боја на тенот и руменилото – руменилото прилагодете го на бојата на Вашиот тен. За светол тен, користете нијанси на розово руменило. Доколку имате светол тен со примеси на жолта боја, користете руменило во боја на праска, и нијанси на портокалова боја. На тен со маслинеста боја најубаво ќе седи црвените нијанси на руменило. Ако кожата Ви е потемна, обидете се со нијанса на карамел. Руменилото во прав, подобро одговара на масната и мешовит тип на кожа, додека за сува кожа прилега руменило во крем.