Како вашето тело да изгледа повитко?

од  |  0 коментари

Ако сакате да изгледате повитко, а време за долготрајна диета и баш немате, овие неколку совети ќе ви помогнат тоа да го постигнете.

Правилен избор на облека. Ако сакате да изгледате повитко тогаш многу важно е да направите правилен избор на гардероба. Дури и најслабата жена ќе изгледа пополно ако носи претесни фармерки или сукна. Според тоа, вие бирајте соодветна величина на гардероба зошто во неа ќе изгледате попривлечно – претесно на никој не му стои добро.

Избегнувајте хоризонтални пруги. Тие ќе ве направат визуелно подебели. Но, ако веќе мора да ги носите, тогаш тоа нека биде во горниот дел на телото зошто така ќе ги нагласите градите и така ќе го одвлечете вниманието.

Каиш. Кога се работи за каиш, многу дами прават грешки додека го носат. Тој се носи само и исклучиво  на најдолниот дел од струкот – сите други варијанти ќе ве направат непропорционални. Освен тоа, широкиот каиш е многу подобар избор ако сакате да изгледате потенко. Тесните модели на каиши, исто така може да делуваат многу убаво ако се носат на вистинското место, но широкиот каиш ги привлекува погледите и го стеснува струкот.

Темни бои. Црната боја издолжува и истанчува, па ако сакате да изгледате повитко носете ја како и другите темни бои. Од друга страна пак ако сакате да истакнете некој дел од телото, носете бело. Црни панталони и бела кошула се идеална комбинација за да изгледате повитко во долниот дел на телото, а нагласокот ставете го на горниот дел од телото такашто ќе облечете кошула со бела боја која ќе го истакнува.

Штикли. Обувки со потпетица, за разлика од оние со рамен ѓон ја издолжуваат силуетата поради што с еодличен избор доколку доколку сакате да изгледате послабо.

Исправете се. Освен на гардеробата, правилното држење ќе направи многу за вашиот тенок изглед. Правилното држење ќе ви помогне да изгледате самоуверено. Помага да ја издолжите својата фигура и да го намалите средниот дел на телото кој пробувате да го скриете поради тоа што се движите како подгрбавени.