Станете супер херој на работното место

од  |  0 коментари

Сигурно често посакувате на работа да се побуните и да го покажете супер херојот кој го криете во себе, бидејќи не сакате повеќе да ќутите кога вашиот шеф ве критикува или кога вашиот колега ве провоцира.

1. Не бидете вообразени

Одличен работник сте , доаѓате на време, го работите она што од вас се бара без никакви замерки. Нема потреба од никакви приговори во однос на вашата лојалност, посветеност, и почитување на она што го работите. Има многу луѓе на светот кои поседуваат голем талент и вештини. Оние што не се такви, мора понекогаш посветеноста да ја покажат на друг начин, а оние што имаат некакви лоши особини, може да заработат додатни поени ако не се однесуваат понизно. Нема ништо полошо од тоа кога некој мисли дека има право така да се однесува , или се смета себе си за елита. Истото важи за секого, без оглед на тоа колку сте способни. Почитувањето спрема самиот себе, кон другите и кон својата работа секогаш ќе се ценат на прво место, а после тоа ќе ја приметат вашата способност и вештини.

2. Задржете го мислењето за себе

Измерете кои би биле последиците од дружењето со колегите на пауза. Секогаш е добро чуството кога ќе се идентификуваме со оние што не опкружуваат, но секој момент можете да дојдете до искушение, затоа помислете: “Како моите колеги би се однесувале кога навистина би ми била потребна поддршка од шефот?”

3. Не кревајте лажна узбуна

Не учествувајте во бесмислено трачарење. На иницијаторите дајте им до знаење дека треба да престанете со зборување или оговарање. Не започнувајте или не учествувајте во бесмислено зборување и трачарење. Верувајте тоа веднаш ќе биде заприметено. Ваше најмоќно оружје понекогаш е способност да ја сочувате самоконтролата.

Ако сте се пожалиле на вистинското место, почекајте… и , ако ништо не се случи повторно продискутирајте го проблемот со соодветната личност. Или, во зависност од приликата, превземете иницијатива и сами решете го проблемот.

4. Сватете колку е важен тајмингот

Тајмингот е денес се. постои причина зошто “спориот аплауз” денес е феномен на урбаната поп култура. Многу малку луѓе ја сваќаат убавината на спориот аплауз, затоа што им недостига трпение да го дочекаат вистинскиот момент за да го кажат она што го имаат.

5. Бидете добар водач

Не е секој менаџер, шеф или директор роден за таа улога. Понекогаш некој е едноставно ставен на водечка позиција и не умее да се снајде во неа. Важно е да бидете контруктивни кога прифаќате некоја задача.Ќе бидете добар водич ако умеете да ги сватите ограничувањата, ако ги почитувате и на професионален план добро прогнозирате. Бидете свесни за тоа дека својата моќ мора да ја покажете во кризни моменти кога битките гарантираат триумф и спор аплауз.