Каков тип на емоционална интелигенција поседувате – висока или ниска ?

од  |  0 коментари

‘’Секој може да се налути-тоа е лесно.  Но да се налути на вистинската личност до вистинскиот степен , во вистинскиот момент на вистински начин – тоа не е лесно’’- оваа Аристотелова изрека во себе ја содржи најсуштинската особина на емоционално интелигентните личности- препознавање на емоциите и нивно соодветно канализирање во животот, секојдневието и работата.

Емоционално интелигентните луѓе, сваќаат дека постои нешто  поважно од препуштање на секојдневните сирови емоции за остварување на некоја повисока цел , па затоа спремни се во важни моменти да ги препознаваат поединечните емоции, да ги разбираат, да ги стават во контекст и да ги регулираат со цел остварување на своите повисоки цели.

Авторот на светскиот бестселер ‘’Емоционална интелигенција’’- Daniel Goleman, некогашен професор на универзитетот во Харвард и автор во New York Times, ја става емоционалната интелигенција EQ над рационалната интелигенција IQ во својата анализа на предусловите за успех и среќа во современото општество.

Емоционалната интелигенција поздразбира зголемување на нашата свест која не упатува кон справувањето со чувствата и емоциите, таа ја зголемува способноста за справување и излегување на крај со сопствените негативни емоции.

Која е разликата помеѓу луѓето со висока и ниска емоционална интелигенција?

Нискиот коефициент на емоционална интелигенција означува дека кај ваквите личности постои низок праг на толеранција, како и неразвиена способност за емпатија и согледување на работите и нештата во широк контекст. Ваквите личности најчесто делуваат од состојба на афект, прават непромислени акти, ја саботираат својата успешност, ги упропастуваат односите со срудите, а своите ментални капацитети ги користат за оправдување на сопствената агресивност или депресивност.

Лицата со висок коефициент на емоционална интелигенција ги прифаќаат предизвиците и не се ‘’кршат’’ под притисокот , имаат висока самодоверба и знаат како да ги препознаат вистинските врредности. Во меѓучовечките односи секогаш искажуваат емпатија, можат лесно да се соживеат во различни емоционални состојби, мислења, однесувања и ги разбираат состојбите на другите.

images

‘’Вкусот на колачињата’’

Разликата помеѓу високата и ниската емоционална интелигенција може најлесно да се појасни низ психолошкото истражување со колачиња- истражување спроведено на Стендфорд универзитетот во САД. На група на деца спроведено било истражување на тема ‘’Одложување на задоволството’’ со висока важност за емоционалната интелигенција.
Четиригодишни деца едно по друго последователно, повикувани биле во просторија каде одреден господин им нудел колачи.
На секое дете му дал избор да го изеде колачето веднаш или пак да почека малку па за награда за чекањето да добие уште едно колаче. Во тој момент истражувачот излегувал од посторијата, оставајќи го детето само , а на скриена камера набљудувал што ќе се случува со детето. Две третини од децата го чекале повеќе или помалку стрпливо ‘’чичкото со колачињата’’ да се врати и да ги награди со уште едно колаче за чекањето, а една третина од децата колачето го изеле веднаш.

Истражувачите децата кои чекале уште едно колаче ги рангирале како лица со повисока емоционална интелигенција. Ова истражување има извонредна промнозирачка  вредност  затоа што на неговите темели децата ќе се развиваат во следните 12 години. Кога тие деца наполниле 16 години, повторно врз истите било извршено тестирање и добиен бил заклучок дека  помеѓу стрпливите и нестрпливите деца постојат значајни разлики.
Стрпливите деца се развиле во самоуверени и сретни адолесценти, успешни, делотворни под притисок, склони кон превземање на ризик и прифаќање на предизвици, додека пак другата група била страмежлива,напната, сомнителна и со помала самодоверба.

Дали вие би го почекале стрпливо  второто колаче?

Извор: https://www.zivotna-skola.hr/