Што е емоционална интелигенција (EQ)?

од  |  0 коментари

Со сигурност секој од нас познава луѓе, било на своето работно место или пак од најблиското опкружување кои се одлични слушатели. Без разлика на ситуацијата во која сме се нашле, секогаш успеваат да знаат што е она правилно што треба да го кажат во моментот за да не се навредиме или пак вознемириме. Тие се оптимисти, грижливи и надежни.  Постојат и луѓе кои одлично се справуваат со своите проблеми. Не се лутат во стресни ситуации и не се вознемируваат лесно, па на секој проблем му пристапуваат смирено и лесно пронаоѓаат решение. Тие се одлични донесувачи на одлуки и знаат кога да и веруваат на својата интуиција. Без разлика на нивната положба секогаш успеваат да се погледната себе си од искрена перспектива.
Тие лесно прифаќаат критика, и знаат што да направат за да го подбрат својот перформанс.

Луѓето од ваков тип имаат висок степен на емоционална интелигенција, се познаваат себе си многу добро и знаат да ги почувствуваат потребите на другите.

Дали и вие би сакале да се како нив?

За повеќето емоционалната интелигенција (EQ) е многу поважна за разлика од рационалната интелигенција (IQ) поради незината способност за постигнување на успешен живот и кариера. Како индивидуалци, нашиот успех како и успешноста на нашата кариера зависи од способноста да ги прочитаме сигналите кои ни ги даваат другите луѓе и соодветно да реагираме на нив.
Затоа секој од нас потребно е да развие зрели вештини за емоционална интелигенција за подобро да ги разбере, да сочувствува со другите и да ги подобри своите вештини за преговарање.

Постојат 5 категории на емоционалната интелегенција (EQ)

Свесност- способност да се препознае одредена емоција додека се појавува е клучот за добрата емоционална иннтелигенција EQ. Развивањето на свесност подразбира вклучување на сопствените чувства, доколку правилно ги оцените своите чувства тогаш добро можете да ги менаџирате. За добро да гименаџирате добро е да ги развиете овие две вештини:емоционална свесност и самодоверба.

– Емоционалната свесност е способноста за препознавање на сопствените емоции и нивните ефекти.
– Самодоверба- сигурност во сопствените вредности и способности.

2. Самоконтрола – често доживувајчи одредени емоции не е возможно нивно котролирање во целост. Иако моментално одередени емоции не можемедаги контролираме, сепак ние ја имаме контролата колку долго една емоција че трае преку користење на техники за промена на негативните емоции во позитивни емоции (лутина, гнев, анксиозност, депресија..)

Ова значи дека при вакви состојби ние одлучуваме колку долго ќе дозволиме нагативните емоции да не обземат и затоа при вакви ситуации, позитивните промени и чувства се одличен начин заподобрување на овиеемоционални состојби.

На каков начин можете да гопостигнете тоа?

– Само-контрола- управување со деструктивните импулси
– Доверба- одржување на стандарди за чесност и интегритет
– Свесност и способност за превземање на одговорност за сопствените акции
– Приспособливост – справување со промените со флексибилност
– Иновативност- да се биде спремен за нови начини на пристап, нови идеи за справување со промените кои настанале

3.Мотивација-за да се мотивирате себе за да постигнете нешто потребно е поставување на јасни цели и позитивен став кон нештата и работите. Иако можеби ќе бидете наклонети кон позитивни или пак негативни ставови, можете да научите со доволно труд и желба но и вежби како да стекнете навика за позитивно размислување. Доколку согледате дека чувствувате негативни емоции вомоментот додека се случуваат можете да ги пренасочите кон позитивна насока со цел постигнување на вашаите цели.

За да бидете мотивирани потребно е:
– Да бидете посветени- поставените цели во насока на група или организација поодбро се извршуваат
– Да имате желба за успех, сопствените аспирации да ви бидат насочени кон само-подобрување и кон постигнување на повисоки стандарди на успешност
– Иницијатнивност и пренасочување на акциите кон можностите кои се отвараат
– Оптимизам, следење на цели без разлика на пречките

4.Емпатија – способност за препознавање како луѓето се чувствуваат е многу важно за успех во животот и кариерата. Колку повешти сте во препознавање на чувствата надругите и сигналите кои ги испраќаат, толку подобро ќе ги контролирате сигналите кои вие им ги испраќате нив.

Лицата кои знаат како да чувствуваат емпатија (да сочувствуваат со чувствата на другите- да ‘’влезат во чевлите на другиот’’) се успешни во:
– Услужни дејност – антиципираат, препознаваат и ги остваруваат потребите на своите клиенти
– Во развојот на другите – имаат чувство која е потребата за напредок на нивните дејности и способности
– Политика- прелу препознавање на емоционалните струи и моќни партнерства
– Разбирање на другите- ставање на сопствените чувства зад  потребите и желбите на другите

5. Социјални вештини– развојот на добрите интерперсонални вештини е битен за успех во животот и кариерата. Во денешниот свет на мрежи и конекции, секој има пристап до техничко знаење. Иако ваквото знаење е на дофат на секого, емоционалната интелегенција сепак влијае подобро да се разберат другите но и да се откријат потребите преку преговори во ова глобално доба.

Најбитни социјални  вештини се:
– Влијанието  и поседување на ефективни тактитки за убедување
– Комуникацијата – испраќање на јасна поракадо другите
– Лидерството – инспиративното водење на групи на луѓе
– Иницијативноста или менаџирањето на промени
– Градењето и одржувањето на врски
– Менаџирање на конфликти преку разбирање,преговарање и разрешување на конфликти
– Соработка  и работа со другите со цел остварување на зацртаните цели и постигнувања
– Подобрување на способностите на тимот преку креирање на синергија со другите со цел подобрено остварување на колективните цели

Кои фактори играат улога зошто  лицата со висок IQ не успеваат а лицата со скромен IQ успеваат во животот но и кариерата?

За да се биде успешен не е потребно да се има само висок степен на интелигенција, тој влијае само 10% врз успехот а најмногу 25% во просек, се останато зависи од други фактори меѓу кои и емоционалната интелигенција. Колку повеќе ја градите сопствената емоционална интелигенција и станувата свесни за чувствата на другите и своите успевате да ги промените на подобро, успехот е пред вас.

Извор:  What is Emotional Intelligence (EQ)? ,