Каква облека да одберете за прославата на најлудата ноќ

од  |  0 коментари

Полека но сигурно се наближува и Новата Година, па затоа во годината што доаѓа зачекорете со стил. Доколку не сте почнале да правите планови за Новата година време е да почнете со нивната подготовка, особено доколку се работи за патување надвор од државата или пак доколку имате замисла за незаборавен помин. Да, велат дека непланираните и спонтаните работи се најдобри, но тоа најчесто не е случај доколку планирате спектакуларен и незаборавен дочек. За таа цел започнете уште од сега да планирате: време, место, друштво и облека. Доколку немате идеја што да облечете ние ви нудиме неколку идеи за фустани и парчиња облека, кои ќе ги воодушеват сите во друштвото, а вие нема да поминете незабележани и од остатокот од топлата во која ќе славите.