Погледнете го најновото шоу на ангелите на Victoria Secret за 2014

од  |  0 коментари

Оваа недела најсветкавото, најмузичкото, најгламурозното шоу во светот на модата денес Victoria Secret Fashion Show се одржа во Лондон. Скоро 50 од најпознатите и најубавите модели од целиот свет долетаа до Лондон за да бидат дел од модната писта на ова спектакуларно шоу. Девојките -едни од најубавите во светот на суптилен и по малку моден -цикркуски начин успеаја да ја доловат атмосферата и сексипилот кое го има ова шоу уште од неговите дамнешни почетоци. Зошто толку многу го обожаваме и го чекаме ова шоу? Девоките го очекуваат за да се восхитуваат на заводливата долна облека и милионските градници и тантела кои не можат да си ги дозволат, а мажите па нормално за да уживаат во женскиот сексипил и убавина. Овој рај за очи има свој феномен кој ја излудува и женската а и машката публика воедно поддеднакво, можеби женската и повеќе. Има нешто повеќе од голотија и физичка убавина која се крие во севкупното шоу. Музичките звезди кои го пратат шоуто се исто толку очекувани како и моделите кои ќе се појават на пистата, се чекаат редови, се чекаат месеци за да се дознае кој ќе се најде на најпосакуваната листа. Затоа поуживајте во овогодинешната галерија на шоуто низ дузина на фотографии кои Живот и Стил ги избра.