Камини за совршен ентериер

од  |  0 коментари

Камините биле најпопуларен метод за загревање на станбениот простор до крајот на XIX век. Иако денес се малку ретро, поради нивната замена со централното греење и други алтернативни начини на греење, камините и понатаму претставуваат најлуксузен и највеличествен елемент во просторијата.Каминот без сомнение е централна точка во секој дом, особено во текот на грејните сезони. Па според тоа не само што треба добро да топли, него и естетески треба добро да изгледа.

Модерните дизајнери се потрудиле да задоволат сечиј вкус – па така можат да се најдат елегантни и софистицирани камини со многу детали кои неодоливо потсетуваат на старите француски и италијански камини.

Long-landscape-fireplace

За љубителите на урбаниот дизајн воведена е иновација која нуди оган без дим и мирис. Поточно, тие користат посебна течност на база на етанол која може да се вклопи во најралични простории. Таквите камини се најчесто стаклени, со крајно невообичаени форми и можат да се постават високо на ѕид. За они кои преферираат класичен стил, тука се и едноставните камини изградени од цигли или пак оние од мермер од бела боја. Изборот е навистина огромен и без разлика за каков и да се одлучите сите  внесуваат елемент на беспрекорност во вашиот дом.

Доколку каминот го наменете само за естетика во вашиот дом добро би било ложиштето на каминот да биде од отворен тип. Доколку се работи за исклучиво за затоплување на домот, пожелно би било ложиштето на каминот да биде затворено. Како и да е за одбирање на конкретниот модел на каминот првенствено треба да се донесе одлука дали неговата функција во вашиот дом ќе биде од естетска вредност или пак се работи за затоплување. А дали ќе се работи за камин на дрва, плин, пелети или струја зависи од стилот и карактерот на домаќините. За љубителите на традиција кои уживаат во ритуалот на креирање на оган, љубовта кон пламенот, неговото крцкање и мирис, обично се одлучуваат за камин на дрва.

Додека пак за оние кои го обожаваат урбаното темпо, луѓе со малку слободно време кои не ги обожаваат ритуалите на палење на оган, одржување и чистење на ложиштата, него сакаат огнот сам да се појави со едно притискање на управувачот,тука се плинските и електричните камини.

minimalist-interior-fireplace-furniture

Во прилог ви ги доставуваме најчесто употребувани типови на камини и нивните главни разлики.

Електрични камини

Иако не можат да ви ја пружат природната убавина на огнот, и неговите звуци, електричните камини имаат своја предност а тоа е нивното одржување и неговото едносатвно користење, па поради тоа се повеќе се присутни во домовите. Како енергент ја користат електричната енергија,а по потреба можат но немораат да зрачат топлина. Електричното  ложиште зависно од моделот може да биде составен дел од каминот. Во однос на камините на дрва имаат многу предности како на пример: немате потреба од оџак,чистење и одржување на ложиштето, имаат и своја естетска предност како: можност за регулација на пламенот во повеќе бои, се контролираат со помиш на далински управувач…

Камин на дрва

Во однос на новите постоечки начини на геење, камините на дрва во некои домови се јавуваат дури и како секундарен извор на енергија. Доколку се работи за секундарен извор на енергија се користи само за греење во прелазните периоди како додатен извор на енергија. А доколку пак го користите како примарен извор на енергија, најчесто се користи каде што нема можност за користење на поинаков вид на затоплување од причина што на  пр. електричната енергија е прескапа итн. Во тие случаеви, домаќинствата најчесто ги користатат камините на дрва бидејќи дефенитивно е најдобриот начин за затолување на целата куќа.

living4media_11157561_HiRes

Камини на биоетанол

Камините на биоетанол имаат исклучиво естетска улога. Тие се решение за сите оние кои сакаат камин а немат можност за нивно вградување. Тие во суштина се преносливи камини, кои можат да се постават и на ѕид, а се карактеризираат со модерен миминалмистички дизајн.Камини на пелети (пелети се биогориво које се користи за добивање толинска енергија).

 Kamini-Iva

Плински камин

Плинските камини како и електричните имаат своја предност што се однесува на едноставното одржување, користење и чистење.Како енергент користи плин.Исто така може да користи и за централно греење.