Корисни трикови за фунционална организација на вашиот плакар

од  |  0 коментари

Немате доволно простор во вашиот плакар, и поради тоа тој стално изгледа неуредно. Колку и да е голем никогаш не е доволно голем за потребите на вашата гардероба,а тек пак чевлите се дополнителен проблем во целата таа општа ситуација.Организацијата на плакарот секогаш треба да се прилагодува на вашите потреби, логичкото размислување и начинот на користење.

1

Плакарот најчесто го организираме на три начини:

според функционалност (кошули,маици, веш,панталони, здолништа,палта..), според категории (спортска,свечена,секојдневна, работна облека) или евентуално по боја (црна,црвена,бела,шарена..), или пак евентуално според годишните времиња (есенско-зимкса облека, пролетно-летна облека).

  • Доколку сте се одлучиле за организација според категории, згоден и едноставен трик би било да си обезбедите закачалки во различни бои (на пр. црвена за секојдневната облека, жолта за спортската облека, плава за работна облека,црна за свечена облека), на овој начин ќе си ја олесните организацијата и функционлноста на вашиот пакар особено ако ако навистина се работи за мал плакар.
  • Што се однесува пак до долниот веш препорачливо е целосно да се смести на една полица или пак во една фиока така што не би се мешале и нема да предизвикуваат дополнителен неред, а додека пак кошулите и сакоа уредно да се чуваат на закачалки.
  • Едноставен трик за да ја разделите облеката на онаа која е носена од онаа која не е,станува збор за облека која виси на закачалки тоа лесно можете да го направите така што различно ќе ги поставите закачалките (пр. ако кошулата е чиста куката од закачалката гледа према плакарот, а ако веќе сте ја носеле куката на закачалката е завртена спрема врата од самиот плакар.)

4

  • Облеката што не ја носите често ставете ја на врвот, а на средина онаа облека која што најчесто ја носите, а високите полици искористете ги на тој начин што во длабоки кутии можете да ја сместите сезонската облека, облека што ретко ја носите итн. При тоа незаборавајате во кутијата да ставите вреќички лаванда против молци.
  • Исто така горните полици можете да ги искористите за складирање на вашите чевли кои што ретко ги носите, така што на секоја кутија би обележале за кој чевли се работи.
  • Со мал додатен шопинг можете да заштедите многу на просторот. Како на пример овој пат да си купите дополнителни закачалки наместо облека.

Едно од главните правила за уреден плакар е  да не биде пренатрупан. За таа цел барем еднаш годишно правете ,,голема чистка” и решете се од сите работи кои што не сте ги облекле ни еднаш таа година, било тоа да се големи или претесни работи. Згоден трик како тоа да ви стане,, навика”да  го правите е да имате една ,,резервна отпадна кутија” каде што ќе ставите цела облека  која повеќе не ви одговара (облека кои што може да претрпат одредени промени ). И на сам крај таа ,,резервна отпадна кутија” едноставно можете да одлучите да ја донирате  во просториите на Црвен Крст со тоа вие би се ослободиле од непотребното а воедно би направиле добро хумано дело.