#Проект направи сам -Декорирање на ѕидови во вашиот дом

од  |  0 коментари

Дали ви се допаѓа идејата за ставање на тапети на ѕидовите во вашиот дом, но кога го разгледувате буџетот ви се малку и скапи? Ние денес ви нудиме неколку идеи за декорирање на вашите ѕидови со кои тие ќе изгледаат подобро отколку со тапети, а вложувањето од ваша страна на финансиски средства ќе биде минимално.

1. Направете си сами шаблон од вашиот омилен дизајн и насликајте го омилениот ѕид во вашата омилена соба за престој од домот со него. Потребни материјали: идеја (симнете од интернет и испечатете омилен шаблон во поголема резолуција), подебел картон од кого ќе го изрежете шаблонот , и кој ќе ви биде потребен за да го пресликате шаблонот на ѕидот.

111

2. Проект – Фамилијарно дрво. Во последните две години сликањето на мурали на ѕидовите се повеќе станува модерно. Доста интересно би било во вашата спална или детската соба на вашите најмили да насликате дрво на кое можете да ставите и по некоја фотографија во убава рамка од членовите од вашето семејство и на тој начин да добиете ” фамилијарно дрво” што би изгледало и поубаво и од уметничка слика која би можеле да ја ставите во вашиот дом, а е преедноставно за да ја направите – само погледнете како се прави. Единствено што ќе ви треба е малку боја, четка и многу трепение, љубов.

На нацртаното дрво ставете само некоја фотографија од вашите најмили и добивте “фамилијарно дрво”.

43881860_2014520213846

3. Проект – “акцентиран ѕид”. Ова е можеби и најлесниот начин преку лепење на траки на селотејп лепак во различни форми на  ѕидот кој саката да го нагласите во вашата омилена соба да добиете одличен изглед на професионално обоен ѕид кој наликува како да има тапет залепен врз него. Погледнете го видеото и тоа нека ви даде идеја за шаблонот кој би сакале да го имате на ѕидот, експериментирајте со вертикални, хоризонтални или линии во различна форма и дезен и сето тоа само со помош на обичен лепак и добијте точни линии.