Капење во када како ритуал

од  |  0 коментари

Капење во када е за голем број на луѓе уживање кое може со саати да трае. Некои луѓе се навикнати, да пред да заминат на работа или пред спиење, на брзина да се истушираат, не придавајќи на тоа големо значење. Ако судејќи по обичаите кои владеат помеѓу припадниците на различните народи и религии, одржување на личната хигиена е важен дел од животот на кој треба да се посвети големо внимание.

Мароко – во арапскиот свет, капење во хамамот ( парно купатило ) се изведува еднаш неделно. Пред заминување во купатило, кожата длабински се чисти во просториите каде температурата е 45 степени, а влажноста на воздухот 95 проценти. По длабинското чистење телото се освежува со прскање со студена вода. Хамам е невозможно да се применува дома, меѓутоа нешто е можно да се модифицира.

Рецепт: пред капење, направете пилинг од глина. Смесата од глина се состои од: две лажици сол, три лажици глина и мед. Сето тоа се раствора во топла вода и меша се додека не се добиете смеса како крем. Со ова смеса масирајте го целото тело. По пилингот, за кадата е потребно да се спремат кесички од газа во кои ќе ставате различни билки, или едноставно припремете чај во кесички. Потопете ги во када, легнете и релаксирајте се 10 минути, а потоа истуширајте се со студена вода. Ова правете го еднаш во неделата.

Полинезија – во ова земја жените уживаат во тијаре хоп, што во превод значи капење во цвеќе. Жените од Полинезија имаат мека кожа како брашно, благодарение на маслото од монои. Цвеќето тијара, јасмин и сандаловина се мешаат со маслото од кокос и тоа се користи секојдневно.

Рецепт: доколку сакате да испробате полинезиско капење, пробајте го следниот рецепт. Во када со температура на вода 33 степени, турете пола чаша маслиново масло и неколку капки есенцијално масло од цвет кој сакате. Влезете во водата и масирајте го телото. Масирајте го и лицето. Останете во кадата 10 – 15 минути, затворете ги очите и слушајте ја музиката. Дишете длабоко и издишувајте полека, се дури не почувствувате дека сте релаксирани. Излезете од кадата, избришете се и масирајте се со неколку капки есенцијално масло. Третманот правете го еднаш неделно.

Велика Британија – Англичаните применуваат таласотерапија, што е во суштина терапија со морска вода. Еден Французин, во втората половина на 19. Век измислил таласотерапија ( грч. Thalasa, што значи море). Таласотерапија овозможува, да се со влегување во водата решите одредени проблеми, на пример целулит. Добро функционира затоа што морската сол на површина на епидермисот извлекува течност која е насобрана под кожата.

Рецепт: во када со топла вода, додадете два килограми морска сол и малку течен сапун против целулит. Во када бидете околу 10 минути. Измијте ја убаво кожата, и секојдневно повторувајте го ритуалот седум дена, се дури не почни летото.

Финска – Финците ги сакаат сауните и во неа одат секојдневно. Прво одат во загреана просторија за да се исчистат од токсините, а потоа само најхрабрите влегуваат во дупка полна со снег.

Рецепт: Дури и да немате адекватен простор, во Вашето купатило направете сауна, така што кадата ќе ја наполните со вода која е топла 38 степени, и во која ќе турите пена за капење. Седете на крајот од кадата, бидејќи купатилото ќе биде влажно и топло, што ќе ја зголеми детоксикацијата. После 5 минути направете пилинг со микрогранули, а потоа влезете во вода. Повторно излезете и масирајте се со пилинг од лаванда, кои ќе го подгответе сами. Измешајте една рака суво цвеќе и малку крем со три капки есенцијално масло од лаванда. Па повторно влезете во вода и останете во неа 10 минути. Се завршете со туширањето со студена вода ( 2 минути ). После месец дена, со константните третмани еднаш во неделата ќе забележите резултати.