Внимавајте со што го негувате лицето – читајте ја декларацијата!

од  |  0 коментари

Во последно време се се подолги и подолги листи на штетните состојки, кои некои од козметичките компании ни продаваат пакувани во преубави пакувања. Кожата апсорбира 60 проценти од сите состојки, а најмалку ни треба е да во неа влезе опасни хемикалии. Затоа пред да се затрчате да пазарите некој производ за нега на лицето или тело, задолжително прочитајте ја декларацијата. Можеби ќе Ви одземе време, но Вашата кожа ќе биде благодарна.

Жива ги оштетува мозочните функции – дали се имате запрашано што значи зборот hypoallergenic на козметичките пакувања? Овој збор козметичките компании користат за да објаснат да во производот нема состојки кои предизвикуваат алергии. Тоа, секако не значи дека не содржат некој други, помалку познати алергени, кои исто така можат на наштетат на кожата. Доколку сте алергични на неколку препарати, можеби е време да одите на алерготест. Кога ќе го направите, барем ќе знаете кои состојки не ви одговараат. Внимавајте доколку на декларацијата, а посебно на маскарата за очи пронајдете збор mercury, односно жива. Иако за неа не треба многу да се пишува, бидејќи сите знаеме дека и малото количество од ова опасна состојка ги оштетува мозочните функции. И затоа, пред да пазарите добро прочитајте ги состојките на маскарата и капките за очи.

Коректори полни со не тестирани честички – доколку на кремовите за сончање, шампоните, регенераторите, коректорите, кремовите за подрачјето околу очите и во другите производи пронајдете натпис како на пример: formaldehyde solution, formic aldehude, merthaldehyde, methanol, methyl aldehyde или oxomethane, бегајте од нив! Не тестирани честички, односно nano zinc oxide допираат до очниот живец, мозок и крвните клетки, а се наоѓаат во третината на производи за негување на лицето и тело. Најчесто ги има во коректорите, кремовите за сончање, кремовите за очи и раце.

Природна козметика – некои производители во нивните производи додаваат состојки со животинско потекло. Тие се означени со зборот tallow, а на Вас останува да одлучите дали ќе ги користите, бидејќи не се штетни по здравјето, но тука се јавува прашање на етика. Важно е да знаете да природната козметика она која содржи најмалку 65 – 70 проценти состојки, од кои голем дел треба да бидат билки кои растат во незагадена природна средина. Зарем не мислите дека е вистинско време да ја отворете Вашата козметичката торба и да ги извадите пудрата, руменила, кремови, кармини, шампони, лосиони и проверете дали во нив има алергени? Доколку ги најдете, се надеваме да знаете што треба да правите со нив. Веднаш – канта за ѓубре!