Идеална сенка за Вашите очи

од  |  0 коментари

Со погледот привлекувате вниманието на некој, заведувате или давате до знаење дека не сте заинтересирани. Затоа кога ги шминкате очите, потребно е да ја постигнете рамнотежа и склад за да ја откриете Вашата вистинска убавина. Се што Ви треба е боја која ви одговара, четче за сенка, молив за очи и маскара. Со додавање на боја на очите автоматски привлекувате внимание на нив. Поради тоа, кога ја нанесувате сенката, изберете боја која одговара на Вашиот тен и бојата на очите. Користете ја зеницата на окото како водилка за правилен избор на сенка.

Сини очи – за нагласување на сините очи, користете сиви, розови, светло виолетови, виолетови, портокалова, светло портокалови, златни нијанси и сите нијанси на бронза. Кога ја избирате нијансата на сина која сакате да ја ускладите со очите, пратете го правилото на спротивност – ако е окото потемно, земете светло сина, ако е ледено сина, земете што потемно индиго нијанса.

Зелени очи – за нагласување на зелени очи користете нијанси на лешник, Кралевска виолетова, виолетова, шумско зелена или крем боја. Ако е окото темно зелено, обидете се со потемни сенки, ако е светло зелено, земете светлозелена сенка.

Кафеаво/ зелени очи – за нагласување на зелена боја користете нијанси на Кралевска виолетова, розова, лилава и шумско зелена боја. За повеќе кафеава боја земете нијанса на лешник.

Кафеави очи – за нагласување на кафеавите очи користете нијанси на бакар, бронза, шампањско, беж, зелена, златна и сите металик бои.

Кафеаво /црни очи – за нагласување длабоко кафеави очи користете светли нијанси со примеси на бисер за одбивање на светлина. Обидете се со сјајно зелена боја.