Кога завршува заљубеноста и започнува љубовта? Како да ја раздвоиме заљубеноста од љубовта?

од  |  0 коментари

Иако поголемиот дел од вас сигурно веруваат дека секој романтичен однос започнува со чувството на заљубеност, тоа и немора да биде така.Многу луѓе започнуваат преку дружење и заеднички поминато време да чувствуваат љубов и започнуваат врска.

На која основа може да се разграничат љубовта и заљубеноста?

Заљубеноста е чест продукт на нашата претстава и идеализирање на другиот. На саканото лице ги проектираме сопствените желби, очекувања, фантазии. Под овие проекции често не ја согледуваме личноста на лицето кое го идеализираме. Она што го гледаме често е олицетворение на нашите идеали, креирани за лицето во кое сме заљубени правејќи истото да делува совршено и беспрекорно во секој свој акт. Тие идеализации го предизвикуваат чувството на заљубеност и го прават магично и исполнувачко.
Идеализацијата на партнерот предизвикува чувство на создавање на илузија дека сме го пронашле совршениот партнер. Љубовта за разлика од заљубеноста е сосема нешто друго. Љубовта подразбира однос со вистинска личност со сите незини добри и лоши страни. Да се љуби партнерот значи да се почитува другиот онаков каков што е, а не да се почитува идеалот кој сме му го наметнале што е случај за заљубеноста.
Што се случува кога заљубеноста не преминува во љубов?
Поголемиот дел од нас се почувствувале заљубени. Заљубеноста прави да се чувствуваме како да сме ја пронашле совршената личност за нас и целиот живот во тој момент има смисла, се ни изгледа убаво, константно сме добро расположени. Ова чувство е поврзано со чувството на сексуална страст, освојување или неизвесност дали личноста во која сме заљубени ќе остане покрај нас или не. Заљубеноста може да се спореди со чувството на привремено лудило- таа е феномен поради тоа што токму во ваква состојба луѓето често донесуваат клучни животни одлики како склучување на брак на пример.

Како луѓето се одљубуваат?

Вљубеноста прекинува  кога идеализирањето и фантазиите започнуваат да избледуваат. Низ заедничкиот живот и времето поминато заедно, стекнуваме информации за партнерот кои често се во контрадикација со идеалната слика која правобитно сме му ја припишале. Кога завршува фазата на заљубување и на нејзино место доаѓа реалниот однос, во тој момент започнува љубовта. Секој од партнерите во еден момент започнува да има убив во тоа дека на почетокот бил занесен во идеализирањето на својот партнер и останува во односот кој конечно е реален но не е ништо помалку иѓсполнувачки во однос на заљубеноста која постоела на почетокот.
Во моментот кога завршува заљубеноста и се стекнува вистинската слика за партнерот може да настане појава на разочарување или пак лутина. Наместо партнерите поединечно да се запрашаат себе зошто создале такви престави за партнерот, тие често доаѓаат до меѓусебни кон фликтни ситуации и започнуваат меѓусебно да се обвинуваат. Уверени се дека нивниот партнер на почетокот го криел сопственото вистинско лице и се чувствуваат изневерено и се запрашуваат каде и кога исчезнала совршената личност во која се заљубиле.
Доколку партнерите не ги прифатат своите реални личности, заљубеноста не преминува во љубов туку избледува во однос каде се губи секаков можен интерес. Откако заедничката врска не ги надвладее караниците и препирките на партнерите најчесто настанува прекин на истата.


Дали се откажуваме од вистинската љубов?

Се додека не увидеме дека совршените луѓе и совршените односи не постојат се откажуваме од вистинската љубов.
Заљубеноста е прекрасно чувство од кое не треба да се откажеме, но затоа пак потребно е да и се препуштиме. Најважното нешто кога станува збор за разграничување на љубовта од заљубеноста е прекинување со идеализирањето на другиот, преиспитување на сопствените чувства и престави за  другиот како и заборавање на потребата другиот да биде совршен –затоа што тоа е сосема невозможно.
Секој човек е склон на грешки и поседува свои маани. Доколку сме тврдо убедени дека личноста во која сме заљубени е совршена веруваме во сопствена заблуда. Ако бараме од другите да бидат совршени со цел да ги исполнуваат нашите критериуми и ако ги затвориме своите очи кон се она што за нас не е совршено, ја затвораме вратата за љубовта и отвораме врата за нашите нереални идеализирани фантазии кои ни малку не се  блиску до чувството на љубов.

Извор:
https://www.lovesensa.rs