Што ги разликува манипулаторите од останатите типови на личности?

од  |  0 коментари

Човековиот мозок е неверојатен сет на структурни системи. Тој е центарот а свеста и акцијата. Формира уникатен идентитет. Креира единствен поглед кон светот . Неговите искустав потекнуваат од неговата интеракција со светот. Размислува и чувствува. Ја разбира вистината и ги избегнува или решава грешките. Расудува и формира ставови.
Корисните вистини и понекогаш штетните заблуди се  негови производи. Човековиот мозок лесно може да поверува дека нешто е вистинито или нешто е лажно. Може лесно да ги оправда етичките но и неетичките однесувања.

Како  човековиот мозок може да креира толку неконзистентна врска помеѓу рационалното и ирационалното расудување?

Одговорот е измамата на умот.  Измамата и заблудата се наоѓаат во основата на природата на човекот во неговата ‘’природна’’, неафектирана  состојба од надворешни влијанија. Со самата социјализација, едукација и околинските влијанија дел од овие основи се канализираат, но дел се пренасочуваат во пософистициран стил на однесување.

Некритички настроени лица (интелектуално невешти мислители)

Лица кои самостојно не одлучиле во што да веруваат но затоа пак социјално биле насочени, условени во своите уверувања. Тие се нерефлективни мислители. Оваа група на критичари е најголема група. Нивните умови се производ на социјални и персонални сили кои тие никогаш нема во целост да ги разберат , контролираат или пак да се  инволвираат и грижат доволно околу истите.Нивните размислувања често се базираат на предрасуди, стереотипи, генерализирање на состојбите, илузии, делузии, рационализации, дилеми и карикатури. Нивните мотиви се често следливи, започнувајќи од ирационални стравови и приврзувања, завист, интелектуална ароганција и неотвореност. Овие особини креираат и стануваат голем дел од нивниот идентитет, овие лица се фокусирани на нештата кои веднап делуваат врз нив.
Најчесто ваквиот тип на луѓе има стереотипи кон другите култури. Кога нивните верувања се ставени под знак на прашалник – иако се недокажани и неоправдани, тие можат да се чуствуваат нападнати. Генерализираат луѓе , нешта и состојби за да ги поддржат своите верувања.
Не прифаќаат да бидат корегирани, критикувани или пак другите да не го споделуваат истото мислење со нив. Тие сакаат да се чувствуваат важно, да им се ласка и да бидат избодрени.
За нов светот е бел или црн, тие сакаат да чујат што е добро или лошо. Себе си секогаш се гледаат како добри личности, а своите неистомисленици ги перципираат како зло. Тие сакаат сите проблеми да имаат едно единствено решение  со кое тие се запознаи, на пример казнување на оние кои направиле нешто лошо преку користење на сила,моќ или пак насилство.
Тие лесно се импресионираат под влијание на авторитет, моќ или слава.
Тие лесно се контролираат и насочуваат, се додека лицата кои пробуваат да ги контролираат им ласкаат, и ги наведуваат да мислат дека нивните погледи и размислувања се точни и имаат смисла.

Вешти манипулатори (критички мислители со малку чувства)

Постои многу помала група на луѓе за разлика од некритички настроените лица, оваа група е вешта во умешноста за манипулација и контрола над нештата и луѓето.Овие луѓе се строго фокусирани на сопствените интереси без чувство за почит кон начините како нивната потрага влијае врз другите. Иако тие имаат голем дел и од карактеристиките на некритичките мислители, поседуваат силни особини кои доста ги издвојуваат од нив.
Тие поседуваат заповедна моќ и реторика на убедување. Тие се пософистицирани, вербални и уживаат во повисок статус. За разлика од првата група имаат повисоко образование и постигнуваат поголем успех за разлика од нив. Нив потребна им е поголема моќ, статус, авторитет и позиција. Во однос на врските тие секогаш сакаат да ја имаат доминантната улога.
Манипулаторите знаат како да ја искористат воспоставената структура на моќ во нивна предност  и нивен интерес. Често се загрижени, но не поради напредни рационални вредности, туку поради потребата да го добијат она што го сакаат, па затоа често се претставуваат себеси како споделувачи на вредностите на другите со цел да го искористат тоа како предност пре самата манипулација. Тие не се настроени кон критика на општеството, не се бунтовници  затоа што без тоа неможат ефективно да манипулираат.
Својата интелегенција не ја користат за јавно добро, затоа пак во сојуз со своите истомисленици го споделуваат своето знаење и моќ.

Што манипулаторите користат за да го добијат она што го сакаат?

Манипулацијата, доминацијата и контролата се нивните главни алатки.
Лицата кои се вешти во манипулирање со другите, сакаат да влијаат на мислењето и однесувањето на другите.  Тие преку анализа веќе ги знаат слабостите на другите па затоа пред нив сакаат да делуваат подоминантно, да имаат поголем авторитет и конвенционален морал.
Манипулаторите исто така имаат и цел  да го контролираат начинот на кој другите мислат и начинот на кој информацијата се пласира пред другите. Користат ‘’рационални’’ цели за да го контролираат и начинот на кој објективноста и разумноста се презентирани пред останатите.
Затоа често своите поенти ги ставаат над мислењето на останатите не дозволувајќи преку своите техники другите да изразат свој став и секогаш да бидат во предност пред останатите.

Критичка маса (отворени и совесни критички мислители )

Оваа група на луѓе во однос на масата е најмала. Тие се интелектуално вешти и немаат цел да ги манипулираат и контролираат останатите.Овие лица комбинираат вештини на критичкја мисла, отвореност, анализи, и вредности како и желба да допринесат во служба на јавните добра.
Тие се доволно софистицирани за да препознаат како луѓето кои се во служба само на своите лични цели гокористат нивното знаење за ќовековата природа и владеат над реторичките желби за манипулација. Тие се свесни за феноменот на ‘’масата’’ како и желбата за масовно убедување и социјална контрола.

Премногу се свесни за да бидат манипулирани и етички настроени за да не уживаат во манипулацијата на другите. Тие се визионери за подобар, поетички свет кој вклучув а реалистично знаење  за тоа како треба да се движи општеството, она што е и она што може да биде.
Тие се борат со својата егоцентрична природа примарно за да видат подлабоко дека се инволвирани во ирационални процеси.

Извор:

The morality of Manipulation, 2010
(https://www.criticalthinking.org)