Малиот црн фустан и неговото значење

од  |  0 коментари

Малиот црн фустан (LBD- Little black dress) е симбол и икона сам по себе, за безвременска убавина и женска елеганција.  Секоја жена треба да ја знае важноста на едното парче на облека коe мора да го поседува- малиот црн фустан. Есенцијален и неопходен во сечија женска гардероба, малиот црн фустан има и своја историја.

Малиот црн фустан постоел од секогаш, меѓутоа тој не бил формално идентификуван како форма на иднината се до 1926 година, кога списанието  American Vogue објавило фотографија на дизајн од Coco Chanel. Оригиналниот дизајн, нормално бил доста поразличен од оној денешниот меѓутоа ја поттикнува еволуцијата на женственоста, претсавува револт кон потиснувањето на женските права и започнува нова ера на женска е еманципација и покажување на женска моќ.

ss_070325_blackdress_01.ss_full

Coco Chanel, LBD

 Coco Chanel, отпрво доста осудувана заради носењето на сукња над глуждови, а подоцна страшно критизирана поради сукњите кои ги покажувале колената, успеала со малиот црн фустан да ја револуционизира не само модата, да ги сруши табуата, туку воопшто и да ја поттикне женската еманципација и еднаквост на сопствено мислење и дејствување. Овој мал црн фустан денес стана симбол за сексипил и елеганција и е носен од доста силни еманципирани жени. За таа цел еве неколку највлијателни жени од нашето време во безвременски мали црни фустани, кои секако зад себе чуваат и по некоја мала приказна.

По Coco Chanel, малиот црн фустан стана славен по телевизиските екрани односно по една од најпознатите филмски икони  Audrey Hepburn во филмот  “Breakfast at Tiffanys”, која овој фустан го претвори во модерен додаток на секоја жена.

gal-port-Annex-20--20Hepburn-2C-20Audrey-20-Breakfast-20at-20Tiffany-s-_14-600x400

Audrey Hepburn- Breakfast at Tiffanys.

Во 50 тите, коктел фустаните особено добиваат голема пупуларност откако еднаод најголемите филмски икони- Marilyn Monroe се фотографирала со следниот мал црн фустан..

merilin

Малиот црн фустан бил популарен и кај претседателските жени, најдобар пример за тоа е  Џеки Кенеди, подоцна Оназис, која беше стилска икона чиј стил го следела скоро цела Американска нација, а и светот, па поради неа овој модел на фустан станал најкомерцијалниот и најпродаваниот фустан во тој период.

Jacqueline Kennedy, 1961 (малиот црн фустан кој го носи е поставен во Холот на славните)

Jacqueline Kennedy, 1961
(малиот црн фустан кој го носи е поставен во Холот на славните)

Едит Пjaф, една од најпознатите пеачки во ’60 тите,  толку многу се инспирирала од црниот фустан што меланхолијата во незините песни заради која и е позната на прво место, била уште поголема кога пеела во црн фустан, за таа цел многу ретко носела било што друго освен мал, црн фустан.

ss_070325_blackdress_04.ss_full

Edith Pjaf

Elizabeth Taylor станала срцекршачка откако била првпат забележана во овој мал црн фустан..

ss_070325_blackdress_07.ss_full

Доста познат мал црн фустан е “фустанот за одмазда” на Diana, принцезата на Англија од 1994 година. Интересен е фактот што покрај несомнената убавина на самиот фустан, овој фустан Lady Diana го носела истиот ден  кога Чарлс, незиниот сопруг јавно телевизиски проговорил за аферата со Camilla. Според нас, овој фустан и тоа како изгледа како фустан за одмазда – изгледа совршено.

-20

Princess Diana, фустан за одмазда , 1994

Малиот познат црн контраверзен фустан на Elizabeth Harley  се поврзува и со отпочнувањето на незината филмската кариера во 1994 година по појавата на овој настан . Зошто? Погледнете и сами и пресудете зошто!

url-2

Elizabeth Harley, 1994

Малиот црн фустан во поново време е доста познат по една од најубавите жени во светот, актерката Angelina Jolie, која покрај тоа што е доста контраверзна малиот црн фустан го има направено во свој заштитен знак и многу ретко може да се види во фустан или облека во било коа друга боја освен црна.

an

Малиот црн фустан бил и ќе остане секогаш модерна експресија на секоја модерна жена, било да е vintage или во нов дизајн, секогаш бил и ќе остане модерен.