Кои животни промени може да не редефинираат ?

од  |  0 коментари

Веруваме дека постои само една константа во животот а тоа се промените.
Промените доaѓаат во сите “големини, форми, димензии и бои”. Животните промени можат да бидат толку големи што можат да бидат претешки за прифаќање, и мали што поминуваат скоро и незабележано.
Промените можат да бидат суптилни или драматични, среќни или пак тажни, добредојдени или пак нешто од кое се плашиме. Промените можат да бидат причина за славење или тага.

Промените може да ни овозможат нови можности со цел да ни помогнат во постигнувањето на нашиот најголем потенцијал.
Помените можат во исто време и да  ги ограничат нашите капацитети и да не редефинираат како личности.

Промената може да има многу форми:
– од добивање на промоција на работа
– промена на место на живеење или преселба во друг град/држава
– развод
– стапување во брак
– станување родител
– ново дете
– смрт на блиска личност…

Кај поголемиот број на случаи, промената е неизбежна. Секоја промена па макар и позитивна предизвикува стрес. Доколку ја етикетирате како прогрес,  или раст оваа промена сепак може да предизвика последици од емоционална и физичка природа. Секој од нас посакува нешта кои се безбедни, познати и предвидливи. Ние луѓето стравуваме од промената затоа што знаеме дека вклучува некаков тип на загуба- загуба на контрола, загуба на почит, загуба на комфор, загуба на слобода, губење на изборот, статусот, врските, задоволството, способноста за справување а можеби и загубата на љубов.

Стравот и болката од загубата е она што ја прави промената тешка за прифаќање.

Доколку некој е приморан да се промени дури и кога не е задоволен во животот, тоа може да предизвика зголемена анксиозност отколку самото незадоволство од таквата животна ситуација.
Можноста да се направи промена е секогаш присутна, а лицата кои ја немаат способноста да  веруваат во  себе може да ја пропуштат можноста да го зголемат  и подобрат квалитетот на нивниот живот.

Многу луѓе се плашат од промени.
Избираат рутини и стабилност.
Стравот ги онеспособува луѓето да преземаат ризици.

Како да се справиме со предизвикувачки мисли?
Луѓето ја имаат во своите раце слободата да го променат начинот на кој размислуваат за одредена ситуација во било кое време и да учат нешто ново за темата. Без разлика дали промената во начинот на размислување бара од нив да се посветат повеќе или помалку на неа, таа зависи и од способноста да се биде отворен кон идеата за учење на нешто ново, без оглед на контрадикторните мисли за одредената тема.
Луѓето треба да се отворени за да научат нешто ново за темата, што за промена ќе  кај нив ќе предизвика и промена на размислувањето.

Луѓето во голеема мера ја поврзуваат среќата правопропорционално со парите.
Централното прашање што често погодува многу човечеки вредности кога станува прашање за среќата е: ”што значи да се биде успешен?”
Што за вас значат среќата и успешноста во животот?
Колкумина можат да одговорат искрено на ова прашање?