Дали ги анализирате своите соговорници? Кои вештини може да ви помогнат да бидете подобри родители, подобри партнери и подобри бизнисмени ..

од  |  0 коментари

Анализата на соговорниците, активното слушање и разбирање на другите може да не направат поуспешни индивидуалци на полето на приватниот живот (подобри сопрузи, подобри родители..) како и подобри бизнисмени.


” Емпатијата е како музика, стануваме подобри во неа кога повеќе ја вежбаме”


На кој начин може да се постигне овој степен на разбирање?
Со учење на вештини за комуникација меѓу кои и емпатија. Емпатијата сме ја споменале повеќе пати, таа се однесува на човековата способност да се стави на местото на другиот човек, да влезе  во неговата кожа, со цел да разбере како се чувствува и што мисли.

Со помош на емпатијата се разменуваат емоции и процеси со другите луѓе.
Со помош на емпатија можеме да го добиеме најдоброто од луѓето и да креираме вредни односи.
Родителот со помош на емпатија може да комуницира подобро со своите деца и да ги разбере нивните проблеми, емпатијата исто така е алатка која им користи и на успешните менаџери да развијат и дизајнираат производи и услуги кои потполно се прилагодени на потребите на корисникот.

Два вида на емпатија 

Емпатијата се користи во секојдневната комуникација со колегите, пријателите и семејството, а зошто да не се користи од страна на претприемачите кога станува збор за подобрување на односите со своите корисници. Постојат два вида на емпатија:

  1. Кога ги разбираме чувствата и размислувањата на соговорникот -затоа што мислиме и се чувствуваме како и него
  2. Кога се обидуваме да сватиме како другата страна се чувствува и размислува за одредени нешта врз основа на нивната реакција или однесување.

Вториот вид на емпатија секогаш е потежок и предизвикувачки.

“Влезете”  во главата на корисникот

Еве да земеме пример дека продавате софтвер…
Најважно да поставите прашање или низа на прашања до тимот на соработници или до самите себе:

  • „Што нашите корисници чувствуваат кога го користат вашиот софтвер (и кога ви праќаат одредено прашање во однос на производот или услугата)”?
  • На што размислуваат?
  • Што слушаат (одредени звучни ефекти, музика и сл…)?
  • Што гледаат  (бои, дизајн, или имаат одреден впечаток од дизајнот)? На што конкретно обрнуваат внимание (дизајнот, функционалноста, квалитетот, бројот на корисници или услуги…)“.
  • Што работат пред или по интеракцијата со со софтверот?

На овој начин обидете се да влезете во главата на вашиот клиент.
Во светот на софтверот на пример, креаторите на успешните видео игри или пак 3д филмови, умешно ја владаат техниката на читање на мисли и чувства на своите корисници со цел да дизајнираат производ кој ќе ги придобие симпатиите на луѓето кои уживаат во ваквиот свет на забава. Креаторите на успешните концепти од ваков тип водат грижа и посебно внимание обрнуваат на амбиентот, она што корисникот го слуша, гледа, што сака да прави…

Текстот продолжува …