Кој е главниот фактор за прекинување на долгите љубовни врски?

од  |  0 коментари

Според бројните истражувања, тоа не се ниту различноста меѓу партнерите, ниту неверството. Како главна причина се истакнува здодевноста.

Постојан интерес за партнерката – Терапевтите за сексуално однесување истакнуваат дека женската возбуденост е социјално и еволуциски условена од чувството дека му е привлечна и интересна на партнерот. Доколку ова чувство отсуствува, се намалува нивото на неуротрансмитерите одговорни за сексуално возбудување кај жената, што резултира со намалено либидо и здодевен сексуален живот во врската.

Физичка активност е одлично решение – Истражувањата покажуваат дека вежбањето околу еден час, трипати неделно, кај жените придонесува за поквалитетен сексуален живот и поцврста врска. Покрај тоа што вежбањето ги поттикнува неуротрансмитерите, дополнително ја подобрува циркулација во гениталиите и подолготрајни оргазми.

Врската станува предвидлива – кај долгите врски, сексот често станува рутински. Доколку секојдневната рутина не се интензивира со нови искуства и пикантерии, заинтересираноста кај жената опаѓа, а оргазмите стануваат поретки.

Започнете нова врска – ова подразбира, нова врска со истиот партнер. Кај долгите врски, мажите често погрешно претпоставуваат дека ги знаат потребите на партнерката и не поставуваат многу прашања, плашејќи се дека ќе изгледаат неискусно. Наместо тоа врската треба да се развива преку отворени разговори за се она што ги возбудува и двата партнери.

Влијание на природата – доколку вечерните излегувања и псета на кино сте ги замениле со јадење пред телевизор и гледање на серии, не треба да се обвинувате. Научниците откриле дека нивото на тестостерон, кој ги поттикнува мажите да ја импресионираат партнерката, се намалува откако ќе влезат во стабилна врска. Според научниците, на овој начин природа влијае за насочување на вниманието на мажот кон одгледување на децата.

Одвојте време за врската – студиите потврдуваат дека девојките кои одвојуваат 15-30 минути во денот за заеднички забавни активности, се чувствуваат многу поблиски.

Помалку комуникација – во едно истражување е откриено дека во првите 12 месеци од врската, околу 68% од двојките разговарале додека се во постела. Првата година овај процент значително опаѓа. Причината за ова е што партнерите мислат дека знаат се еден за друг. Меѓутоа луѓето созреваат и се менуваат со годините. Жените во подолгите врски стануваат сексуално посамоуверени со текот на времето, па честите романтични и необични прашања можат да го задржат нивниот интерес.