Како да се избегне неверството?

од  |  0 коментари

Некои студии покажаа дека кога постои случај на нераскинлива и тесна поврзаност на емотивно ниво помеѓу партнерите, мозокот многу потешко прима дразби во поглед на привлечноста и неодоливиот флуид кој понекогаш се создава кон трето лице.

Еве ги советите за тоа како да се остане верен на брачниот другар:

Вложувајте во врската – во врската треба да се инвестира со време и внимание, со голема посветеност. Напорите кои сте ги вложиле во развивањето и збогатувањето на Вашиот сентиментален живот ќе ви се врати со многу повеќе. Подржувајте се взаемно и соочувајте се заедно со сите предизвици кои Ви ги поставува животот.

Одржувајте ја романсата – постојано потсетувајте се на причината поради која сте се вљубиле еден во друг. Отворено покажувајте ги чувствата и топлината која ја чувствувате еден за друг. Откријте ја сопствената сензуалност со изнаоѓање на нови начини за постигнување на сексуално задоволство, кое ќе го споделете еден со друг.

Уживајте еден со друг – бидете разиграни и уживајте во работите кои ве засмејуваат. Смејте се и вклучете го доброто расположение во секојдневниот живот. Заедно испланирајте нови авантури и откривајте нови активности заедно. Сите овие работи ќе го зголемат задоволството во врската ќе поттикнат вистинска интимност помеѓу Вас.

Слободно разменувајте си комплименти – понекогаш се чини критиките и постојаните поплаки се многу почесто дел од брачната комуникација за сметка на пофалбите и признанија за добро завршена работа, како елементи од позитивно однесување. Ако сметате дека Вашиот партнер направил нешто исклучително позитивно, одадете му гласно признание за тоа. Комуникацијата мора да биде отворена и искрена – разговарајте за да ги решите недоразбирањата пред истите да се претворат во мачни дискусии полни со отровни стрели. Разговарајте со вашиот брачен другар на ист начин како би разговарале со било кое друго лице кое го сакате и почитувате.

Практикувајте соработка и компромиси – бидете флексибилни во решавањето на недоразбирањата. Потсетувајте се дека сите недоразбирања имаат две страни, Вашата и на партнерот и обете мора објективно да се разгледаат. Запрашајте се дали е поважно Вие да излезете како победник и Вашиот збор да биде последен или пак е подобро да се направи мал компромис за да се сочува врската.

Контролирајте ја лутината – ако почувствувате наплив на негативни чувства, обидете се да ги задржете под контрола. Не дозволувајте да Ве обземе огорченост и не се оптоварувајте со оној типичен негативен багаж во кој е спакувано чувство за одмазда. Научете да простувате и да ги признаете сопствените грешки.

Вашата врска треба да се темели на доверба и лојалност – доколку сте приврзани еден кон друг и ако сте посветени на Вашиот брак, вашето однесување ќе биде огледало на таквата посветеност. Ако сте целосно посветени на исполнување на заедничките потреби како брачни другари, ваквата посветеност ќе ви ја даде потребната самодоверба за да можете да ги постигнете сите цели кои сте си ги поставиле во животот.