Кој емотивен однос вреди да се спасува?

од  |  0 коментари

Кога едниот партнер ги превзема поголемиот дел од обврските во домот или пак врската, а другиот партнер започнува да се однесува незрело и несамостојно, неприфајќајки ги  секојдневните одговорности или пак обврски во зедничкиот живот, како е потребно да се делува во ваквата ситуација?

Мора ли едниот од партнерите секогаш да се чувствува како да го носи товарот на целата врска врз себе?
Еден од партнерите штп се однесува до проблемите, секогаш порано се освестува и затоа е потребно при појава на проблеми да се делува брзо затоа што времето е од клучна важност. Доколку дозволиме дискусијата околу проблемите со партнерот да се оддолжува додека тие се појавуваат, помали се и шансите дека проблемите ќе успееме да ги решиме.

Идеализирање на партнерот, зошто се заљубуваме во погрешни личности?

Што и да посакаме во животот, поголемиот дел од нас тоа и ќе се потрудат да го добијат, а односите исто така не се исклучок од ова правило. Во почетокот ја чувствуваме вредноста на она што сме го добиле/пронашле, свесни колку сме среќни, затоа што е реткост да се пронајде сродна душа. А кога ќе престанеме да го идеализираме партнерот, тогаш многу нешта започнуваат да одат надолу…
Мора ли да биде тоа така?
Дали вреди да се спасува врската?

Во кој момент вам, но и на вашиот партнер престанало да му е грижа за врската, а поважни станале кариерата, децата па и секојдневните проблеми?

Во кое доба од вашата врска сте престанале и вие да вложувате во квалитетното време и разговор со партнерот ?
Одговорот на ова прашање е клучен и не смее никако да се прескокне затоа што ќе ви помогне појасно да одлучите дали би го оставиле партнерот или пак би се потрудиле да ги поправите и зајакнете односите со него.
Поголемиот број на односите со  помош на разговор и прилагодување можат повторно да го пронајдат вистинскиот пат.

Првиот чекор за решавање на проблемите во врските е прифаќање и превземање на дел од одговорноста за ситуацијата во која вашата врска или брак се наоѓа. Кривицата за неуспешното решавање на проблемите не припаѓа ни на едниот ни на другиот, но затоа пак одговорноста е на двата партнери, затоа што тие биле дел од врската која се наоѓа пред распад.
Чекорот на признавање на одговорност е чекор кој ќе ја намали лутината и ќе ве доведе до наредниот чекор- простување.

Простете си себе затоа што други нешта сте ставале на прво место и доволно не сте се труделе околу врската, а сте правеле тоа што во моментот сте занеле како. А подоцна простете му и на партнерот- простете му затоа што престанал да се труди.
Кога нештата доаѓаат на свое место потребно е да се започне на комуникација и работа со партнерот. Од оваа мека позиција започнете да воспоставувате однос со партнерот. Доколку своето его не го спуштите, нема да имате можност да воспоставите добар однос со партнерот.

Иако во ваквите сутиации партнерот ви предизвикува појава на нервоза, отпор и едноставно ви се појавува желба  да не се ангажирате околу врската со него  потребно е да се потсетите дека случувањата кои влијаеле на тоа што сте престанале да се трудите околу врската со партнерот се оние кои ќе ви го дадат одговорот дали би требало да ја спасувате вашата врска.

Што го прави еден брак/ врска успешен и стабилен, а што предизвикува развод?

Трпеливоста да допрете до својот партнер е она што треба да го направите следно, но не избрзувајте проблемите не настанале во тек на еден ден затоа потребно е да сте трпеливи кон партнерот.

За да се одржува една врска потребна е квалитетна комуникација како и вклученост во животот на партнерот. Пуштете го својот партнер во вашиот живот. Тогаш ќе успеете да комуницирате така што ќе се слушате еден со друг.
Ваквата двонасочна комуникација со разбирање на вашите потреби ќе ви даде одговор зошто љубовта ја заменувате со други нешта, што се случило и зошто сте го промениле фокусот во секојдневието.

Со ваков разговор во кој ги признаваме своите избори а не ја обвинуваме другата страна, за многумина е застрашувачки, но е ослободителен а искреноста кон патнерот е таа што повторно ќе ја разбуди искрата во врската.
Таа искра креира нов почеток на нов дел од вашиот живот, поискрен, посветен еден на друг, дел од животот во кој меѓусебнат среча и добриот однос со мал труд ќе трае долго .

Извор: Sensa.rs