Кујни од медијапан или иверица

од  |  0 коментари

Материјалот добиен кога се пресираат дрвени влакна со струготини и посебно лепило се нарекува медијапан. Поради ова плочите од медијапан се погусти, потврди и поотпорни во однос на ивериците и исто така се многу едноставни за обработка. За разлика од ивериците, медијапанот не се стружи и тоа му овозможува секоја страна да изгледа убаво и мазно. Плочите од медијапан обично се 18 милиметри и се користат за видливата страна од елементите.

Цената на медијапан плочите не е многу високa, но кога се користат за видливата страна од елементите потребно е дополнително да се лакираат што ја зголемува цената.

Кога станува збор за квалитетот, медијапанот  спаѓа во група на најквалитетните материјали за изработка на елементи за кујни.

Најважните карактеристики се да биде отпорен на влага, да поседува цврстина и да не може да изгреби.

Видови медијапани и нивни предности:

  • Лакираниот медијапан може да се најде во најразлични бои и нијанси, овој вид медијапан е многу отпорен на влага и има многу убав надворешен изглед и не мора да се стружи, единствената мана е тоа што има повисока цена;
  • За разлика од лакираниот, медијапанот кој е обложен со PVC фолија е значително поевтин и е поотпорен на најразлични оштетувања;
  • Кога станува збор за мадијапан со висок квалитет кој може да биде фурниран може да се каже дека тој може да го замени дрвото. За фурнирањето на столови, маси и било какви други надворешни површини најмногу се користи бука или даб;

Што е иверица и какви видови иверици постојат?

Кога ќе се спомене поимот иверица пред сé се мисли на плоча добиена со пресирање на пилевини. Постојат иверици со различни дебелини од 10, 12 милиметри па се до 58 милиметри. Од самата иверица не се изработува мебел , туку само одредени делови. Најмногу се користи за изработка на основата за кревети, делови од гарнитура, полици и најразлични други делови.13254512_623419651167436_2152149337151612913_n Видови иверици:

  • Оплеменетата иверица која од двете страни е обложена со меланин фолија се користи за изработка на различен мебел како плакари, американски плакари и др. Кога станува збор за меланин фолијата постојат дезени во една боја, дрво дезен, дезени со металик боја и други. Разликата во структурата на површината зависи од пресата која се користи и според тоа се разликува мазна, рапава или некој друг тип на текстура.
    Она што ја карактеризира оплеменетата иверица е тоа што нивната боја е постојана, лесни се за одржување и отпорни се на разни удари.
    Оплеменетата иверица може да се најде во следните дебелини: 10, 16, 18, 25 и 38 милиметри.
  • За производството на фурнир се користи дрво односно неговото стебло кое не треба да има дупки и треба да ја има соодветна боја. Должината на стеблото не смее да биде под 240 сантиметри, а ширината под 40 сантиметри, ова е карактеристично за дрва стари од 20 до 30 години.
    За изработката на фурнирот се користат танки слоеви од стеблото кои исто така се нарекуваат листови, кои покасно можат да се спојат на два начини. Кај фурнираната иверица тие се лепат со лепак и дебели се околу 0,6 милиметри. Фурнирата иверица е суровина за чие производство се користат најквалитетните дрва. Овој вид на иверица најмногу се користи за изработка на мебел како: плакари, американски плакари, кабинети и др.
  • Плочите кои се неоплеменети погодни се за индивидуална обработка, за обложување со фолија, за оплеменување со фурнир, меланинска смола или HPL ламинати. Потоа едноставно се сечат на плочи со посакуваната големина. При изработка на мебел најпогодни се за елементи кои не се видливи, а доколку се оплеменети со смола или декоративна хартија можат да се користат за декоративно обложување на ѕидови во простории со висока влажност на возухот.
  • Иверица која е отпорна на влага се добива со нанесување на меланиски лепак кој е водотпорен. Овој тип иверици најпогоден е за влажни подрачја на поткровје, кујна или купатило.
  • Ивериците кои се многу цврсти и подолготрајни лесно се обработуваат и имаат додатна заштита од оган. Ивериците кои се отпорни на оган најмногу се користат за изработка на мебел за во училишта, театри, деловни простории и др.

Кои се предностите и мааните на медијапанот и иверицата?

Кујна од медијапан
Медијапанот може да го бирате во разни бои, дури и со повеќе шари. Исто така сами го избирате начинот на обработка на ивиците на кујната. Кај медијапанот може да се одлучите за висок сјај кој поседува голема отпорност од уништување за разлика од иверицата.
Тој се карактеризира со голема густина, цврстина и отпорност на влага. Единствена маана е малку повисоката цена. Но ако се одлучите целата кујна да ви биде од медијапан така ќе биде поскапо. Затоа ве советуваме само крилата или предниот дел на кујната да ги изработите од овој материал.

Кујна од иверица
За разлика од останатите материали иверицата е секако најефтиниот материал од кој може да се направи кујна. На пазарот може да се најде во разни видови бои и дезени практични за работа.
Единствена маана е ниска отпорност од уништување и трошење на самиот материал и неможност за постигнување на висок сјај.

Доколку и вие сакате промени во домот обратете во Home Style во Штип на ул. Христијан Тодоровски Карпош бр.25/ 078 210 567

13254271_622590011250400_6083478816315627253_n