“Направи сам”- Kанделабри за градина

од  |  0 коментари

Совршена градина можете да добиете само тогаш кога ќе бидете креативни и ќе искористите идеи кои ќе бидата соодветни за декорирање на овој типично помал простор и ќе бидат во стил на просторот.
Во текот на летниот период претворете го ова мало парче од вашиот личен простор во место за уживање во сенка и релаксирачка тишина. Ноќите пак претворете ги во ноќи за релаксација седнати во друштво инспирирани од ноќта под тивкото придимено светло од свеќите.

Еве неколку идеи кои можете да ги искористите за декорирање со канделабри во дворот.

1. Креирајте висечка лампа со синџирче или метална жица, шајка тегла и свеќа. Во текот на вечерните часови обесете ја на дрвена ограда и ќе добиете одлична романтична атмосфера и атмосфера која ќе биде одлична за во друштво.

glass-jar-lantern-escort-cards

lanterns
2. Канделабра со постоље
За овој тип на канделабра потребно ви е стаклен сад со два отвори, штраф, дрвено постоље, боја за метал во црна боја, кутија од туна, свеќа, чекан и шило.

diy-outdoor-candle-lanterne-design__kan

Кутијата од туна дупнете ја со шилото на долниот дел и поврзете ја со дрвеното постоље.
Добиениот производ премачкајте го во црна боја и ќе добиете одлична канделабра.
За стаклениот дел изберете обична помала чаша или тегла која ја собира во кутијата од туна и во неа ставете свеќа.