Совети за изработка на кујни по мерка

од  |  0 коментари

Доколку сте се одлучиле кујната да ја опремите со мебел по мерка потребно е да го измерите просторот, да напрвите план и распоред на кујнските елементи. Одберете соодветна боја и дизајн. Сето ова можете да го направите сами или да го препуштите на професионалците кои ќе измерат сѐ и ќе го испланираат распоредот на елементи, така што кујната ќе биде максимално фунцкионална.

  • Направете план на кујнатa

Изработката на план за кујна по мерка не е воопшто лесна задача. Освен планирање на местото и големината на кујнските елементи, потребно е да обрнете внимание на уште многу нешта. Најпрво е потребно да ја измерите кујната и да направите скица, прецизно наведувајќи ги сите димензии.
Висината на таванот се мери на неколку места, затоа што многу пати се случува висината да е различна на различни места. Потребно е дијагонално да се измери просторот и да се провери дали меѓу сите ѕидови аголот е прав.
Штекерите, водоводните и канализациските приклучоци, плинските инсталации, излезот на аспираторот, радијаторите и сѐ останато мора прецизно да се нацрта во планот за да не дојде до нивно попречување во функционалноста при поставувањето на кујнските елементи.

kujna1

  • Направете соодветен распоред на елементите во кујната

Постојат неколку видови кујни. Кујната може да биде во еден ред, во два реда, во облик на L или U. Би било пожелно мијалникот да се постави покрај прозорот за да подобро се користи дневната светлина.
Местото на машината за миење садови треба да биде што поблиску до мијалникот поради водоводните цевки. Електричните штекери треба да бидат минимално 15 степени над работната површина. Растојанието меѓу висечките и кујнските елементи треба да биде најмалку 75 сантиметри

dinner room modern design / luxury kitchen

  • Боја и дизајн

Што се однесува на бојата и дизајнот има многу можности. При избор на бојата треба да обрнете внимание на осветленоста на просторијата, бидејќи темните кујнски елементи не се вклопуваат во кујна во која има малку дневна светлина. За такви кујни погоден е мебел во живи бои. Бојата на елементите треба да биде во склад со бојата на кујнските плочки. Бојата на горните и долните кујнски елементи може да биде иста или различна, зависно од вашта желба.

kujna2