Лошото расположение, безволноста и пасивноста- дел од симптомите на депресија

од  |  0 коментари

Историски гледано, депресијата е феномен кој познат му е на човекот од античкиот период, што го потврдува описот на многу митски јунаци.
Шекспировите трагични ликови како Хамлет или Магбет прикажани се на таков начин што по современите критериуми задоволуваат многу симптоми на депресивност. Од средниот век па до денес вложени се бројни напори да се даде и соодветно објаснување што е депресијата, како таа настанува и како може да се совлада. Науката низ различни гранки започнувајќи од медицината, фармацијата, психологијата, социологијата итн, се занимава со овие прашања и до сега понудила бројни и корисни насоки и сознанија за депресијата и незините третмани.
Депресивното расположение може да биде дел од депресивното расположение кое трае подолго и има свои импликации врз социјалното функционирање на личноста. Во медицинската терминологија оваа состојба се нарекува депресивно пореметување. Депресивното пореметување најдобро може да се опише како пореметуваање на расположението и активитетот. Тоа значи дека се согледува во промените на ниво на нашите емоции и однесување, лошото расположение , безволноста и пасивноста. Оваа состојба може да варира од блага, прекуумерена, како и тешка депресија кога личноста губи интерес за надворешниот свет, тешко се активира за било каква активност , го доживува својот живот како безвреден или чувствува дека единственото решение е да го зааврши истиот. Овие епизоди на ваквата депресивна состојба можат да траат од неколку месеци до неколку години, но и да се повторуваат повеќе пати во текот на животот.

Како се препознава депресијата?

За да кажеме дека некој пати од депресивно пореметување, не е доволно само да се чувствуа нерасположено и незаинтересирано. Главните одлики на депресивното пореметување се: намаленото расположение, песимистичкиот начин на размислување, отсуството на способност за уживање, намалено ниво на енергија и успореност, лоша концентрација и самопочит.

Општи карактеристики на депресијата

Клучниот симптом на депресивното пореметување е интензивното чувство на лошо расположение, депресивно размислување ( “Јас сум губитник”, “Мојот живот е бесмислен”, “Никогаш нема да ги остварам своите животни желби”), а кај посериозните случаеви овие чувства пропратени се и со депресивни симптоми. Одликите на депресивноста често се појавуваваат придружени со анксиозност.

Карактеристики на благото депресивно пореметување

  • Лошо расположение;
  • Недостаток на енергија и неспособност за уживање ;
  • Симптоми на анксиозност
  • Лошо спиење, тешкотии при успивање и често будење при спиење
  • Песимизам

Симптоми на умереното до тешкото депресивно расположение

  1. Изглед: тажна надворешност, психомоторна успореност
  2. Нерасположеност :доживување на несрреќа, дневни промени во расположението, анксиозност, раздразливост, агитација
  1. Недостаток на интерес и неспособност за уживање, намалена енергија, лоѓа концентрација, субјективно слабо паметење
  1. Депресивно размислување , песимистички мисли и мисли за сопстевна неуспешност, безнадежност, размислување за самоубиство, самоокрривување, хипохондрични идеи.
  1. Биолошки симптоми, рано будење и пореметувања при спиењето, зголемување и нагло зголемување на телесната тежина или намален апетит и намален сексуален нагон.
  1. Други симптоми: опсесивни мисли, деперсонализација

Изглед: успорени ментални и моторни активности, агитираност, немир кој се одликува како доживување на неспособност за опуштање.  Расположение: личноста се чувствува несреќно, а тоа доживување е поразлично од вообичаената тага. За време на депресивноста, присутни се и дневни промени на расположението,  најлошо се чувствуваат лицата со оваа состојба наутро. Емоционалната празнина е пропратна на симптомите на депресијата. Недостатокот на интерес за ангажирање во активности во кои лицето претходно уживало и во кои наоѓало задоволство. Лицата со депресија се вообичаено тивки, на прашањата одговараат со кратки реченици, споро се изразуваат и активираат.

Лицата со депресија често живеат со помисла дека губитокот на енергија е последица на телесна болест пред воопшто и да помислат дека станува збор за оваа состојба. Луѓето со оваа состојба имаат проблеми со концентрацијата и со слабото помнење.

Размислување: личноста која пати од депресија често се оптоварува себе си со мисли за минатото, сегашноста и иднината

Мисли за минатото

Овие мисли се поврзани со самообвинување , неоправдано осудување на сопствените избори во минатото.

Мисли за сегашноста

Личноста често ја гледа во секоја ситуација негативната страна , себе си се гледаат со предрасуди и се доживуваат како неуспешни и мислат дека другите имаат таква перцепција за нив.

Мисли за иднината

Очекувањата на лицата со депресија поврзани со иднината се дека ги очекуваат најлошите можни исходи и неуспех и често придружени се со губитокот на надеж и размислување кои вклучува ставови дека нивниот живот не е вреден.