Што значи да се живее со анксиозност?

од  |  0 коментари

Дали некогаш сте доживеале нешто слично на ова?

– Да завршите на болница затоа што сте мислеле дека нешто не е во ред со вашето срце?
– Дали се плашите дека можеби ќе престанете да дишете затоа што понекогаш имате чувство на гушење?
– Кога возите автомобил или патувате загрижени сте постојано дека нешто лошо може да ви се случи?
– Дали некогаш сте почувствувале нервоза и страв дека можеби ќе изгубите контрола над себе си и ќе полудите?
– Сте почувствувале нервоза или непријатност во затворени простории како супермаркети, кино, авотобус, автомобил па дури и на фризер?
-Дали сте нервозни во ситуации кои претходно никогаш не ви сметале?

anxiety-panic-attack

Често симптомите на анксиозност се манифестираат и низ низа на телесни симптоми како:

-вртоглавица, чувство на лебдење, несвестица
-притисок во грлото и градите
– кратко и забрзано дишење
– забрзано чукање на срцето со сензации на аритмија
– потење и треперење
– здрвување на рацете
– силни болки во телото
how-to-end-an-anxiety-attack-01-722x406

Секој нареден напад на паника предизвикува појава на:

– опсесивна грижа и непосакувани мисли
– бранови на топлина пропратени со чувство на страв и анксиозност
– чувство на исклученост
– страв дека секој нареден пат симптомите ќе станат полоши
– антиципирање (исчекување) на секој нов напад на паника кој предизвикува чувство на напнатост и анксиозност

Анксиозноста се темели на чувството на страв. Колку побрзо е прифаќањето дека нападот на паника не може да предизвика ништо повеќе од погореспоменатите симптоми, толку побрзо ќе се ослободите од стравот. Нападите на паника се краткотрајни и поминуваат брзо, колку побрзо се ослободите од стравот толку помалку и ќе ги чувствувате.

Системот на поддршка сепак е многу битен.
Колку поголема поддршка и разбирање имате од најблиските за време на ваквиот период во животот, толку побрзо и ќе го пребродите. Често незнаењето и неприфаќањето на ваквите состојби како и нивното недоволно разбирање од околината, кај лицето што се соочува со овој проблем може да предизвикаат подолго справување со симптомите на оваа појава.

За таа цел направивме кратка ретроспектива на тоа како изгледа светот на лицата кои се соочуваат со напади на анксиозност:

    1. “Анксиозноста прави да не спијам во текот на ноќта, поради неа се чувствувам како заробеник во својот сопствен дом. Се соочувам со постојани непријатни чувства кои ме прават нервозен. Не се чувствувам достоен. Веќе сум оддалечен од своите пријатели, семејство, можности , мојот живот- таа од мене направи губитник’’.
    2. “Анксиозноста го подигнува нивото на адреналинот, срцето побрзо ми отчукува, дланките ми потата, а колената ми стануваат слаби. ”
    3. “ Таа ме остава без само-контрола. Постојано се чувствувам непријатно во сопствената кожа, станувам изолиран и осамен”
    4. “ Таа го обзема цело мое тело. Дишам неправилно, срцето не си го чувствувам, мускулите ми се напнати а мозокот никогаш не ми се исклучува. Постојано зборувам сам со себе, имам мисли за минатото, сегашноста и постојано размислувам што лошо ќе ми предизвика наредниот пат оваа моја состојба. Живеам во страв и исчекување на секој нареден пат кога ќе се чувствувам слаба на нештото врз кое немам никаква контрола- оваа моја состојба која чувствувам дека ми го уништува животот. Секој ден е нова борба со неа”
    5. “Понекогаш мислам дека потребно е да се потсетам себе си повторно да дишам.”
    6. “Анксиозноста ме носи надвор од моето тело без да можам да направам граница помеѓу реалноста и фантазијата. Се чувствувам под константен страв дека нешто лошо ќе ми се случи, устата ми е постојано сува, а нозете како да ми лебдат додека чекорам. Има и денови кога посакувам веднаш да заминам дома затоа што само таму се чувствувам безбедно и сигурно”
    7. “Добивам напади на паника, во тие моменти исто како да ме полеал ладен туш, чувствувам дека цело тело ми отрпнува, чувствувам како да сум полудел, дека  не можам да дишам и потребен ми е свеж воздух.
    8. “Премногу се само-анализирам, премногу мислам и се оптоварувам со секоја ситница, премногу се грижам како секоја моја одлука па дури и најбаналната ќе влијае врз целото мое окружување. Моите мисли го управуваат моето секојдневие.”
    9. “Постојано очекувам дека нешто лошо ќе ми се случи. Ова се случува константно , дури и кога ништо лошо нема да ми се случи се убедувам дека тоа ќе се случи наредниот пат…Ова е циклус кој никогаш не завршува”
    10. “ Чувството на немање на самоконтрола и постојана грижа станаа дел од мојот живот. Ги носам како товар врз себе каде и да одам, не сум воопшто среќен .. .”Повеќе за начините за незино лекување во следниот текст…