Луксузна јахта од злато и кристали измислена само за дами

од  |  0 коментари

 ,, La Belle’’  Бело-златна убавица која што е  неодолива за било која жена

jahta

Дизајнерката Лидија Берсани ја креира првата  луксузна јахта наменета само за жени. Бело-златната јахта која е долга 80 метри, исклучиво направена за жени, укрaсeна со Swarovski кристали, злато,крзно и цвеќе.

jahta1

,,La Belle” е романтична и топла јахта, во која што доминира белата боја, во комбинација со златна боја, и боја т.н. слонова коска. Нејзиниот ентериер е многу богат и удобен. Има капацитет од 12 гости (жени) распоредени во шест луксузни кабини.

jahta2

Во самата јахта се наоѓа и фитнес клуб, џакузи,библиотека каде што во пријатна атмосфера покрај камин можете да се опуштите и да уживате. Исто така доколку ви треба разубавување не грижете се во склоп на оваа убавица доаѓа и козметички салон, диско клуб, како и сала за кино.

jahta3

Покрај се што прочитавте а богами и видовте,сега сигурно се прашувате:

А што на самиот врв на јахтата има хелидром за златен хилихоптер?…

А доколку ве интересира која е нејзината цена, еве што изјави нејзината дизајнерка:

,,Сеуште ја немаме конечната цена. Идејата беше да се изгради најлуксузната јахта на светот и сигурно нема да биди евтина’’, изјави Bersani.

jahta4