Ново револуционерно чудо: Нараквици за сушење на коса!

од  |  0 коментари

Дали сте слушнале за нов здрав начин на сушење на коса, кој што нема да ја оштетува вашата коса?

Изгледа дека наскоро, фенот ќе го исфрлиме од употреба. На пазарот се појави нов револуционерен производ!

Новите ЕКО нараквици, направени од посебни микро влакна, кои што со триење на косата сушат два пати побрзо него пешкир, а се со потенцијал да станат нови ,,must have” парче кои освен тоа што имаат својство за сушење, имаат и дополнителна можност за правење на благи локни.

,, Hair Drying Gloves” дизајнирани се од микровлакна кој имаат моќ да ја абсорбираат водата и потполно да ја исушат вашата коса. Замислете сушење на вашата коса со помош на нараквици со текстура која наликува на пешкир, кои што наводно не ги  влијаат на ставените препаратите за коса како што се: гел, крем за коса итн…

Исто така вакви нараквици, сигурно ќе бидат спас во ситуации кога ќе ве фати ненадеен дожд, а пак самиот начин на сушење е здрав бидејќи не ја оштетува вашата коса,така што не би можело да се спореди со сушењето на коса со помош на фен, кога се зборува за оштетување на косата.

Освен тоа, на вашата коса ќе им дадат ефект на благо виткана коса!