Македонска мистериозна убавина –Матка

од  |  0 коментари

Македонија е мала земја, но навистина многу богата со своите природни убавини.

images

На само  17 километри од градот Скопје, на патот кон Тетово, пред излезот од нашата метропола, ако завртите лево и го прејдете мостот на реката Вардар, патот ќе ве одведе токму на едно живописно место – кањонот Матка.На ова место одеднаш како да влегувате во некој друг свет, во кој сè е подредено на правилата на природата. Жуборот на реката Треска и шумолењето на дрвјата ги смирува сите сетила на телото, а чистиот воздух ја полни секоја мозочна келија.

images (1)

Овде, во оваа прекрасно мистериозна убавина, создадена од рацете на природата, се одмараат и ги  “ полнат батериите ‘’ многумина од нас.

Во планинска клима со постојано променливи температури е позиционирано езерото Матка, кое што е најстарото вештачко езеро во Македонија, чијашто акумулација е изградена во 1938 година. Матка лежи во долината на реката Треска и зафаќа површина од 0,25 км2 со вкупна зафатнина од 3,5 милиони м3 вода.

Различните форми на карпи во кањонот Треска, формирани во многу долг период, а под влијание на планинските реки, го дава денешниот изглед на кој се восхитуваат многу спелеолозите, односно љубителите на подземниот свет.Во околината на кањонот најдени се и многу пештери, а некои од пештерите се стари и по шест милиони години. Бидејќи се заштитени со закон можат да се посетат само со официјален водич. Оние кои се восхитени од утробата на Земјата, велат дека најубави се пештерите Врело, Кристална и Убава. Долгиот период и внатрешните температури, кои и во лето и во зима се 12 степени, овозможиле создавање на многубројни пештерски украси: сталактити и сталагмити. Секоја капка вода која паѓа на 15-20 секунди, е дел од создавањето на овие украси, а за да се создаде само 1 сантиметар сталагмит потребни се 300 години.

images (4)

Реката Треска е предизвик за многу аматери и професионалци, кои го сакаат кајакот на диви води. Овде на Матка, каде водата е брза и бучна се одржуваат многу натпревари во кајакарство. Сè уште траат подготовките за европското првенство на кое ќе настапат врвни кајакари.Освен за овој спорт, кањонот на Матка ги фасцинира и љубителите на алпинизмот. Кањонот на езерото Матка е главен алпинистички центар во близината на Скопје. Сезоната за качување започнува во пролет, кога доаѓаат посетители од земјите од цела Европа, продолжува во летот, а завршува во ноември.

images (5)            download (1)

Дел од убавините на Матка е и манастирот св Андреа.

На самиот брег на езерото, се наоѓа манастирот Св. Андреја. Изграден е во 1389 година по порачка на Андреја, вториот син на кралот Волкашин и брат на Крали Марко. Тоа бил период во кој средовековна Србија сè повеќе се ширела на територијата на Македонија, која била под Византиска власт.

My beautiful picture

My beautiful picture

Во оваа црква, карактеристичен е фактот што наместо пустинци, што е карактеристика на црквите во Македонија, има многу воени светци. Се поставува прашањето, дали се тие намерно поставени? Но, со оглед на временските прилики во периодот кога е правена црквата и опасностите од Турците кои биле сè поголеми… Останува фактот дека во св. Андреја пустиниците не се насликани . Внатрешноста на манастирот е со фрески изработени од митрополитот Јован и јеромонахот Григорије, кои ги напуштаат чудата Христови и деталите од живото на Богородица, и приоритетно место им даваат на светите воини во раскошни војнички облеки…

На тешко пристапно место, на платото, над самото вештачко езеро Матка, се наоѓа и манастирот Св. Никола, кој датира од XIV век со живопис од 1630 година.