Да ја запознаеме подобро својата татковина Дел 1: Линкестида

од  |  0 коментари

Колку добро ја познаваме својата татковина Македонија?
Можеби знаеме доста од часовите по Историја и Географија, но секогаш е вистинско време поубаво ја проучиме својата земја, прекрасните места кои можеме да ги посетиме, природните убавини и историски поврзаните митови и легенди кои постојат зад цела таа скриена убавина која ја има нашата малечка, но убава земја. 

Дел 1- Линкестида 
Линкестида
  е древна област во Македонија која се протегала по средниот тек на реката Црна (тогаш наречена Еригон), лоцирана во јужниот дел на Пелагонија, на запад со Баба, на југ се граничела со Мариово, а со планината Кајмакчалан на исток.

Macedonian_Kingdom

Доста познат како крстосница, овој регион имал посебно значење поради поврзување на Европа со Босфорот преку Виа Егнација.
Линкестида е  област, позната по Хераклеја Линкестис антички град основан од кралот Филип II Македонски во кој живеело античкото племе Линкестиди. Линкестидите се нарекувале и племе на рисови, а за нив пишувале Тукидид и Страбон. Своето име го добиле по ендемскиот и заштитен вид на Пелистер -рисот, кој бил долго време користен и како тотем на ова племе, а денес се користи како заштитен знак на Пелистер, а воедно и на Битола во знак на племето Линкестиди.

Хераклеа Линкестис

Хераклеја Линкестис е позната градска населба од стаормакедонско време . Основана е кон средината на IV век пред н.е. од страна на кралот Филип II, како важен стратегиски пунк. Таа се наоѓа на јужната периферија на градот Битола.  Името го носи според Херакле, митски јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади.

По победата на Римјаните и поделбата на Македонското кралство на четири области (мериди), Хераклеја влегла во составот на четвртата мерида. Највисок степен на цивилизациски развој во време на римското владеење градот доживеал во првите векови на новата ера, кога добива статус на колонија. Во овој период Хераклеја станува силен економско-политички центар со свој постојан римски намесник и со своја римска војска. Сето тоа се одразило врз изгледот на градот, така што во голема мерка била застапена римската архитектура, иако традиционалните влијанија и историските придобивки сe уште давале свој белег на градот.

1

Во 473, при продорот кој југ, Готите предводени од Теодимер ја освоиле и Хераклеја. Малку подоцна (479), истите Готи, овојпат предводени од Теодорих, синот на веќе починатиот Теодимер, повторно стигнале до Хераклеја. Жителите на градот се засолниле во некој refugium во регионот, додека епископот преговарал со Теодорих. Готскиот водач барал храна за своите луѓе, а кога не добил ништо го запалил градот. Не е утврден точниот обем на уништувањето. Во текот на VI век градот повторно бил нападнат од варварите, меѓу кои Аварите и Словенците и при крајот на VI век животот во Хераклеја дефинитивно замира.

Историски монумент

Хераклеа е повеќе од стар град, таа е историски монумент кој го одбележува постоењето на едно поинакво античко Македонско време и народ. Таа јасно го отсликува народот, културата и постоењето на Македонците во едно дамнешно време.

2
Значаjна по својот  театар во кој се воделе борби со силни животни и луѓе, налик на оние на гладијаторските арени. Хераклеа е предвесник на ранохристијанството со зачувани монументални градби кои го опишуваат влијанието на хрисгијанството врз тогашното население.

На тлото на Хераклеја се пронајдени остатоци од повеќе сакрални објекти украсени со подни мозаици направени во opus sectile и во opus tessalatum, датирани во 5 и 6 век.. Станува збор за малата базилика (А), цивилната базилика (B), големата базилика (C) и цеметријалната базилика (D) – сместена на околу 250 метри од централното градско подрачје на Хераклеја, покрај која се откиени ранохристијански и средовековни гробници.
Прекрасните мозаици го отсликуваат уметничкиот дух на големите творци од тоа време. Како контраст на овие раскошни градби, врз урнатините на стариот театар, биле подигнати профани градби од камен и кал. Нивната важност е во нивната местоположба, што зборува за високиот степен на рационализација на средствата и на просторот.

(Оваа фотографија веројатно сте ја забележале и на банкнотата која најчесто ја гледаме – банкнотата од 10 денари.)

11

Зошто да се посети?

Доколку сте љубители на антиката, уметноста, културата или пак би сакале да посетите монумент на едно историско доба во рамките на својата држава повелете на излезот од Битола и посетете ја Хераклеа.
Попатно испијте едно кафе по фамозниот Широк Сокак и прошетајте патем и по падините на Пелистер и посетете ги двете природни езера наречени – Пелистерски очи и верувајте,  ќе добиете искуство кое долго ќе го паметите.

**Рубриката “Каде за Викенд” продлжува наскоро со Дел 2: Митот за големите Македонски Јунаци, митот за Крали Марко ….