Машки стилски икони

од  |  0 коментари

Дали имате своја стилска икона од познатите личности ? Доколку немате ние ви предлагаме да го разгледате стилот на неколку познати пеачи и актери чиј стил беше одбран за најдобар од страна на познатиот  GQ  магазин за минатата година. Начинот на облекување на овие ѕвезди е само продолжеток на нивниот животен стил и кариера. Овие моќни мажи преку својот начин на облекување се само што ја пренесуваат целата своја појава и елеганција, изградениот стил им помага доста за да унапредуваат во својата кариера и да се движат нагоре низ годините, па со текот на времето да станат она што се денес- модни икони на модерното време. Погледнете како треба да изгледа стилот на еден изграден маж преку овие неколку доста познати ѕвезди кои успеале многу повеќе и во останатите гранки поврзани/неповрзани со нивното основно занимавање. Земете пример од нив и нека ви бидат репер како еден модерен современ маж треба да изгледа.

 

Јustin Timberlake

Јustin Timberlake

Стилот на Justin еволуираше доста од периодот во кој тој членуваше во бендот N’Sync ,  за откако градејќи ја својата соло кариера да изгради зрел и елегентен изглед поради кој тој се најде на оваа листа. Постигнувањето на зрелоста во начинот на облекување не мора да значи дека сакото или блејзерот може да направат да изгледате здодевно, баш напротив ќе изгледате заводливо како што тоа го прави Justine Timberlake.

David Beckham

David Beckham

Како што жаргонски се изразуваме ” со годините виното станува подобро”, така се чини дека стилот на David Beckham се повеќе еволуира во она како треба мажите на негова возраст, а и релативно помладите мажи да се дотеруваат. Неговите комбинации вклучуваат помладски комбинации на фармерки и панталони со класично палто во комбинација со добри аксесоари и чевли.

Pharrell Williams

Pharrell Williams

Фарел со својот помалку екцентричеен изглед им дава мотив на младите да го следат својот личен избор кон донесувањето на стилски одлуки, заради тоа што модата се следи а стилот се гради. Единствено нешто по кое добивме помалку лоши вибрации за неговите избори околу модата беа неговите волуменозни шапки кои беа доста критикувани од страна на модните критичари и новинари.

 Johannes Huebl

Johannes Huebl

Германскиот модел  Johannes Huebl во јавноста е подобро познат како посилната половина на неговата свршеница модната икона Olivia Palermo. Миксот на класично со модерно го прави овој модел еден од најдобро облечените за 2013 година.

Justin Theroux

Justin Theroux

Justin Theroux или посилната половина на познатата актерка Jennifer Aniston исто така се пронајде на листата на Стилски икони. Особено карактеристичен во својот стил со нагласена машкост и избор на кожни материјали (јакни, панталони и чизми) и автентичен севкупен изглед. Тој преферира стил во кој скоро и редовно и неизбежно ги вметнува очилата за сонце како неизоставен додаток на изгледот.

И за крај ви ја претставуваме најголемата машка модна икона на сите времиња познатиот и одамна починат глумец James Dean “вечното лошо момче” познат по комбинацијата на тесни фарметки, тесната бела маичка со  кожна црна  јакна. Репер за стил и став за многу момци ширум светот, модна и стилска икона која ќе продолжи да биде инспирација за сите момци и ” бунтовници без причина”ширум светот.

James Dean

James Dean