Изворот на моќта на високите потпетици и краватите
Еквивалентот за она што се високите потпетици за жената, за мажот е краватата, односно најчест синоним за самоуверена жена се високите потпетици исто како што за успешниот самоуверен маж е краватата. Накратко денес ќе ви ја презентираме историјата а високите потпетици и на краватата. Секој маж кој носи кравата треба да биде џентлемен, па затоа предноста во овој натпис ќе им ја дадеме на високите потпетици.
Како што кажува познатата кралица на бурлеската Dita Von Teesе– “Високите потпетици и црвениот кармин се оние кои ќе ја влеат стравопочитта на Бог врз луѓето”, високите потпетици толку многу се користени во познатите списанија и Холивудски филмови што се користат како атрибут за моќ.Моќта на женските чевли се асоцира со материјалната култура која открива многу за личноста која ги носи чевлите, односно незините социјални, културни и лични грижи. Од Венецијанските платформски чевли од 16-тиот век па се до денешните Лобутинки стилот на чевлите еволуирал доста значајно. Кралот Louis XIV во 1701 година го навлекол трендот на носење на високи потпетици со неговите маркантни црвени потпетици со кои доста позирал. Ерата на машки високи потпетици кај аристократите ја завршил Наполеон Бонапарта кој бил доста понизок од Louis XIV.
Интересен е фактот дека кога стилот на високи потпетици навлегол во Западна Европа аристократските жени почнале да ги носат високите потпетици како симбол на издвојување од ниската класа, а не заради нивната практичност. Стилот на носење на високи потпетици еволуирал, но нивната непрактичност не сосема. Денес модата е над функционалноста, односно иако се убави, можат да да дадат додатна самодоверба, високите потпетици ја компромитизираат ефикасноста на мускулите и можат да го зголемат ризикот од нанесени повреди. Во високи потпетици е докажано дека нозете на една жена можат да го поднесат импактот на чевлите само 1 час и 6 минути, по кој нивните нозе ќе почнат да болат. Друг доста битен факт за културата на носење на чевли е дека во Америка само во 2011 година жените потпрошиле $38.5 билиони долари
Многу е лесно да запрашате еден маж зошто носи кравата, која не е преногу практична и конфорна, како и високите потпетици, кравата е само декоративен елемент на севкупниот професионелен и елегантен изглед кој секој маж се обидува да го постигне било да е за специјални прилики или секојдневни формални активности. Во Македонија крватата се носи најчесто само формално.
Краватата потекнува од 17 век од Франција кога кралот Louis XIII најмил Кроациски војници во својата служба и кои носеле мали парчиња на платно околу реверите на своите кошули кои имале за цел да ја истакнат нивната функција , а во нивна чест кралот на овие аксесоари им го дал називот “La Cravate”. Краватата еволуирала доста во изминатите 200 и повеќе години и разликува различни форми и големини. Во 1920 познатиот Њујоршки кројач Jessie Langsdorf измислил нов начин на конструирање на кравата која и покрај секое користење ја задржува својата форма, што во тоа време било големо откритие. Доста позната е Виндзорската крвата која е доста пократка и се карактеризира за АртДеко периодот а била изум на Грофот од Виндзор по кого и го добила своето име.
Периодот по Втората Светска Војна и ослободувањето е карактеристичен по превземањето на краватата од страна на жените кои во име на ослободителниот дух почнале да ги носат краватите за да го означат почетокот на женската еманципација. Краватата поминува низ бројни трансформации, широчини, материјали, бои, меѓутоа денес не е битна краватата и трендот кој се носи, разликата е тоа што денешниот маж многу повеќе ја користи како израз на сопствениот стил.
Било дали жените или мажите во една ера од носењето на високи потпетици или кравати ги смениле своите улоги, симболот на женската сила и моќ ке продолжи да се изразува низ високите потпетици, а машката низ краватите.